ВО 2008 ГОДИНА УБИЕНИ 76 СИНДИКАЛЦИ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

21.07.2009

Меѓународната конференција на синдикатите (ITUC) извести дека минатата година во светот се убиени 76 лица поради синдикални активности. Според истиот извештај во Македонија се намалуваат синдикалните права...

 

 

Во 2008 година се убиени 76 лица  поради нивните активности за одбрана на работничките права, додека многу повеќе лица се физички нападнати, злоставувани или апсени. Овие факти се предочени во Брисел, во годишниот извештај на Меѓународната конфедерација на синдикатите (ITUC), каде во поединости се зборува за кршењето на основните работнички права во 143 земји.

Според истиот извештај со новите закони се намалуваат синдикалните права во Македонија, Хрватска и Полска.

Во споредба со 2007 година, со 91 загинат синдикалец, бројот на убиените е помал, но во некои земји ситуацијата се влошува. Колумбија е најопасна земја за синдикална работа и таму се убиени 49 лица, за десет повеќе од претходната година. Во Гватемала се убиени девет, на Филипините и во Венецуела по четири, тројца во Хондурас, двајца во Непал и по еден во Нигерија, Панама, Тунис и Зимбабве. Во дел од убиствата владите се директно или индиректно вмешани.

Во 25 земји се регистрирани 100 случаи на физички напади, додека во седум земји 50 закани со смрт.

Владите во најмалку девет земји (Бурма, Бурунди, Кина, Куба, Иран, Јужна Кореја, Тунис, Турција и Зимбабве) биле одговорни за затворање на синдикалци поради нивните легитимни активности во одбрана на работниците.

Во 68 земји се забележени 7.500 случаи на откази на работниците вклучени во синдикалните активности. Голем број од отказите не се регистрирани, така што овие податоци се само индикативни. Најмногу откази се регистрирани во Турција (2.000), чија влада и понатаму е нетолерантна кон синдикалните активности. Во Индонезија се отпуштени околу 600 синдикалци, а стотини во Малави, Пакистан, Танзанија и Аргентина.

Во Бурма, Лаос, Кина, Северна Кореја, Виетнам и во некои други земји со синдикална работа можат да се занимаваат само државно контролирани синдикати. Во Сауди Арабија се уште не е можно вистинско синдикално дејствување. Интервенции на владата во синдикалните активности и понатаму продолжуваат во Белорусија.

Влијанието на глобалната криза врз работничките права се почувствува во многу земји. Во репресивните активности се вклучени низа влади, посебно во Африка, кои остро реагирале на барањата на работниците за зголемување на платите, бидејќи голем број семејства не можат доволно да се прехранат. Неверојатен е податокот дека најзагрозени биле работниците во аграрниот сектор.

Извештајот издвојува 22 земји во кои се искористуваат работниците мигранти, на кои им се оневозможени основните права и кои се најизложени на искористување и злоставување.

Вознемирувачки промени врзани за работничките прашања има и во индустријализираните земји. Се почесто е вработувањето на одредено време и преку агенциите за вработување. Промените на владите во САД и Австралија донесе ветувања за заштита на работниците во неколку земји каде во минатите години состојбата била многу лоша.

Во делот за Европа нагласени се случаите на апсења на работници (скоро 50), најмногу во Русија и Белорусија. Во Грција е забележан најлошиот напад, и тоа врз лидерката на синдикатот на чистачки, која била нападната со сулфурна киселина.

Физичките напади на синдикалците во Европа се зголемуваат од година на година. Во 2008 година се забележани 14 случаи, од кои шест врз жени. Во Русија водачот на синдикатот во “Форд Моторс“ бил нападнат двапати, додека други два члена на истиот синдикат се претепани на влезот во претпријатието “ТагАЗ“, кое произведува делови за “Хјундаи“. Слични напади се забележани во Москва, Бугарија, Србија и Косово.

Извештајот исто така го документира полициското насилство и правосудното злоставување во Европа. Тоа посебно се однесува на Турција, каде полицијата во Истанбул насилно ги сопре демонстрациите за Први мај, при што многу синдикалци биле претепани и уапсени. Претседателката на одделот за правни прашања во Синдикатот на здравствените работници била осум месеци во завор затоа што учествувала на конференција за печат на која е осудено убиството на една синдикална активистка. Најголем број уапсени има во Белорусија, каде 32 млади активисти се затворени без утврдени причини, а осуммина се осудени на затворски казни, иако биле претепани од полицијата.

Отпуштања поради синдикални активности се забележани во Турција, Грузија, Русија, Украина, Швајцарија и Велика Британија.

Друг тренд е органичување на правото на колективно договарање. Во Франција новиот закон го отежнува организирањето штрајкови во основното и средното образование.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc