ПОТПИШАН ОПШТИОТ КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР ЗА СТОПАНСТВО

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

14.07.2009

Сојузот на синдикатите на Македонија и Организацијата на работодавачи на 10 јули го потпишаа Општиот колективен договор за стопанство. Прецизирани се повеќе услови од работниот однос...

 

 

Двата социјални партнери, Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) и Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) во петок, 10 јули, го потпишаа Општиот колективен договор за стопанство, со рок од траење на две години.

Ова на денешната конференција за печат заеднички го соопштија Милан Живковиќ, портпарол на ССМ, и Белинда Николовска, генерален секретар на ОРМ.

После неколкумесечно преговарање стигнавме до конечен текст на колективниот договор. Се јави потреба од усогласување со измените во Законот за работни односи, заклучно со 30 јуни, како и од претходните измени на законот, посебно воведувањето систем на бруто плата. Дополнителен мотив за прецизно регулирање на односите во работните средини е и светската економска криза. Можеме да заклучиме дека извојувавме подобри позиции за македонскиот работник, изјави Живковиќ.

Како претставник на Организацијата на работодавачите можам да го изразам задоволството што двата социјални партнери, работодавачите и Синдикатот, се согласија во уредувањето на многу важни прашања, рече Белинда Николовска.

Портпаролот на ССМ накусо објасни некои од одредбите на колективниот договор. Најниската плата не е утврдена на национално ниво, така што останува да се утврдува на ниво на гранки. Некои гранки имаат, некои немаат утврдено најниска плата. На прашањето на новинарите за износот кој би го барал ССМ Живковиќ одговори дека ССМ сигурно би барал повисок износ, наспроти работодавачите, но засега станува најниската плата да се регулира на гранково ниво.

Белинда Николовска на новинарите им одговори дека 80 од компаниите кои членуваат во ОРМ ги имаат вкалкулирано овие надоместоците за исхрана и превоз во платите. Заедничка цел на двата социјални партнери е тоа да го сторат 100 отсто од претпријатијата.

Регулирани се и прекувремената, ноќната и работата во недела. Во Законот за работни односи овие прашања не се прецизно утврдени. Според  колективниот договор прекувремената работа треба да се плаќа 35 отсто повеќе, додека работењето во недела 50 отсто.

Надоместокот за годишен одмор исто така не постои во законот, но како посебна категорија е вметнат во Општиот колективен договор. Нова одредба во договорот е и новогодишниот додаток.

Значајна содржина во колективниот договор е и мирното решавање на работните спорови.

 

Општ колективен договор за стопанство

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc