КРИЗАТА СОЗДАВА ЧУДНИ РАБОТНИ АНГАЖМАНИ

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail
There are no translations available.

3.07.2009

Само во 2009 година светската криза може да згасне 60 милиони работни места. Во обид да се сочуваат местата се појавуваат досега непознати ангажмани. Луѓето прифаќаат се, само да не добијат отказ..

 

 

Глобалниот пазар на трудот почнува да трпи сериозни последици од светската економска криза. Наспроти смирувачките изјави дека кризата нема битно да влијае врз вработеноста, се јавија нови анализи, според кои 60 милиони лица можат да останат без работа само во 2009 година. Очајничките обиди да се сочуваат местата, пак, изродија нови, скоро чудни форми на работни ангажмани.

Светските агенции известуваат дека милиони лица во западните земји се соочуваат со “непристојни понуди на работодавачите“. Воопшто односите меѓу работодавачите и вработените се многу променети. Двете страни почнаа да измислуваат нови работни ангажмани: првата да ја задржи квалитетната работна сила “додека помине кризата“, втората да го задржи местото на било кој начин.

“Бритиш Ервејз“ деновиве на една шестина вработени, околу 40.000 лица, им достави неколку понуди - неплатено отсуство на неодредено време, скратено работно време со сразмерно намалена плата. Досега невидена е третата понуда, работа без никаква надокнада, на што се согласиле 800 лица.

Во Шпанија познатата банка “BBVA“ на 30.000 вработени им понуди петогодишно отсуство од работа, со надокнада од 30 отсто од платата. Познатата јувелирска индустрија “Картие“ на група од 200 работници им ја намали платата на 95 отсто. Авиокомпанијата “Финер“ од Финска испрати на неплатен двонеделен одмор две третини од вработените.

И во САД се забележани нови форми на намалување на трошоците за вработените. Државните универзитети во Калифорнија најавија дека сите вработени ќе бидат испратени на еден месец принуден одмор. Државните службеници на Хаваите нема да доаѓаат на работа три петоци месечно во наредните две години.

Од блиските земји најсериозни чекори прави Хрватска, каде синдикатите и Владата преговараат за прогласување на петокот за неработен ден. Постојат несогласувања кој ќе ги сноси трошоците за намалената плата за слободниот ден, при што синдикатите бараат сите трошоци да ги подмирува владата.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc