БАНКАРСКИТЕ СИНДИКАТИ НА ЈИЕ РАБОТАТ НА ЗАЕДНИЧКИ КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail
There are no translations available.

22.06.2009

Се развива идејата за заеднички колективен договор од финансискиот сектор во земјите на југоисточна Европа. На Конференцијата во Котор е усвоен текстот на Синдикатот за финансиски дејности на Македонија...

 

 

Изработката на заеднички колективен договор за вработените во финансиските дејности во земјите на југоисточна Европа преминува во нова фаза. На Третата конференција на синдикатите од финансискиот сектор на Југоисточна Европа, што од 17 до 21 јуни се одржа во Котор, Црна Гора, е усвоен предлогот за Спогодбата што ја изработи Синдикатот за финансиски дејности на Македонија (СФДМ).

Според предлогот на СФДМ (Предлог – текст за Спогодба за заеднички стандарди за колективен договор на земјите од Југоисточна Европа) се предвидуваат три главни цели: прво, синдикатите се обврзуваат дека ќе ги почитуваат пропишаните стандарди при склучувањето на колективните договори во нивните земји; второ, текстот на спогодбата ќе им го понудат на здруженијата на работодавачи на усвојување и потпишување; трето, за спогодбата ќе ги информираат повисоките органи и меѓународните синдикални организации, од каде ќе побараат поддршка.

Идејата за заеднички, наднационален колективен договор се јави на Првата конференција во Белград, во 2007 година, додека понатаму е разработувана на Втората конференција, која се одржа 2008 година во Охрид. Инаку членки на Конференцијата на синдикатите на финансискиот сектор од ЈИЕ се синдикатите од Македонија, Србија, Бугарија, Хрватска, Б и Х – Република Српска и Црна Гора.

На конференцијата во Котор се разговараше и за вклученоста на младите во синдикалното движење и за светската финансиска криза. Посебно внимание предизвикаа искуствата на синдикатот од Бугарија, единствена членка на Европската Унија од регионот. Бугарските колеги објаснија дека земјите аспиранти за влез во Унијата мораат да исполнат 23 поглавја при пристапните преговори. Едно од нив се однесува на работните односи и на трудовото право, каде се вклучени условите за работа, колективното договарање, заштитата на вработените, правото на штрајк и други права. При усогласувањето мораат да бидат повикани и синдикатите, како една страна од социјалните партнери.

Синдикатот за финансиски дејности на Македонија денес потпиша спогодба со Здружението за мобинг на Република Хрватска. СФДМ ќе биде рамноправен партнер во Програмата на мобинг, која е финансирана од организацијата IPA од Европската Унија.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc