РЕАКЦИЈА НА ГИФИХ ЗА ИНЦИДЕНТОТ НА АМДИ БАЈРАМ

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail
There are no translations available.

18.06.2009

На еден пратеник не му доликува прво да напаѓа и потоа три пати да се извинува. Новинарите не се должни да поднесуваат секојдневни удари, гласи ставот на Синдикатот за графичка, информативна дејност...

 

 

Синдикатот ГИФИХ (Синдикат за графичка, информативна, филмска, издавачка дејност и производство на хартија) денес реагираше по повод инцидентот на пратеникот Амди Бајрам. Скандалот што доби значаен публицитет во македонската јавност е еден од повеќето напади на новинарите, но во последно време и новинарскиот сталеж станува похрабар и почнува да возвраќа. Така и синдикатот ГИФИХ, каде членуваат новинари и вработени во медиумските куќи, излезе со посебно соопштение, кое го објавуваме во целост.

“Синдикатот на графичка, информативна, филмска, издавачка дејност и производство на хартија од името на вработените и членовите најостро го осудува бруталниот напад врз новинарите од страна на пратеникот Амди Бајрам.
Тоа е срамен чин за еден пратеник и политичар спрема новинарите, кои најпрофесионално ги извршуваат своите задачи за скромни 200 евра, па дури и помалку, кои со часови чекаат пред вратите на пратениците, или често надвор, под ведро небо, на студено или топло време. Нападот е грубо кршење на демократијата, самостојноста и независноста на новинарите.

Се почесто настануваат вакви антицивилизациски и недемократски напади кон новинарите. Тие се уште не ги заборавија болните удари врз новинарите од “А 1“ и “Алсат“, а веќе се нападнати нивните колеги, кои ги навредуваат, им се заануваат, ги тепаат, а утре можат и да пукаат кон нив само затоа што се осмелиле да ја извршат нивната задача.

Синдикатот ГИФИХ апелира да не се потценува новинарскиот труд, да се почитува слободата на информирањето, да се почитува личниот интегритет, бидејќи нападот врз новинарите значи напад на македонскиот народ.

Со инцидентот не само што се повредени уставните начела со кои се гарантира слободата на медиумите, туку е повредена и слободата на печатот, која е една од столбовите на секое демократско општество.

На еден пратеник и политичар не му доликува прво да напаѓа, а потоа три пати да се извинува. Новинарите не се должни да ги поднесуваат секојдневните удари, навреди и стресови.“

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc