Претседател на ССМ
Претседател на ССМ е доктор Живко Митревски.
Претседателот на ССМ го претставува и застапува ССМ. Истовремено е претседател на Советот, Претседателството и Извршниот одбор. Претседателот раководи со седниците на Претседателството, Советот и Извршниот одбор на Претседателството.
Задачи и надлежности на претседателот:
- ги координира активностите и е одговорен за утврдување, усогласување и спроведување на политиката и ставовите од заеднички интерес со синдикатите;
- ги спроведува одлуките, заклучоците и ставовите на органите на ССМ;
- предлага мерки и решенија, контактира и договара преговори со претставниците на државните органи и работодавачите;
- ги потпишува актите на органите на ССМ;
- по барање на синдикатите учествува во работата на органите и телата на синдикатите;
- пред органите на синдикатите покренува иницијативи за прашања од интерес за ССМ;
- ја следи и спроведува утврдената политика и донесените акти на органите и телата на ССМ;
- дава предлози за избор, именување и разрешување;
- врши именување и разрешување во ССМ, согласно актите на ССМ;
- извршува и други задачи во согласност со Програмата и Статутот.
На 18. Конгрес на ССМ за претседател е избран Живко Митревски.