Претседателство на ССМ
Членови на Претседателството се:доктор Живко Митревски, претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија и претседател на Синдикатот на работниците од шумарството, дрвната индустрија и енергетика на РМ
Живко Даневски, претседател на Синдикат на работниците од агроиндустрискиот комплекс на РМ (АГРО – Синдикат)
Зоран Георгиевски, претседател на Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално – станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва на РМ (СУТКОЗ)
Павел Трендафилов, претседател на Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање на Македонија (СГИП)
Љубиша Каранфиловски, претседател на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на РМ
Анѓелко Анѓелковски, претседател на Синдикатот на работниците од текстилната, кожарската и чевларската индустрија на РМ (СТКЧ)
Пеце Ристевски, претседател на Синдикатот за индустрија, енергетика и рударство на Македонија (СИЕР)
Роберт Симоноски, претседател на Самостојниот синдикат на работниците од електростопанството на Македонија
Миќо Стојановски, претседател на Синдикатот на работниците од сообраќај и врски на РМ (СРСВМ)
Пецо Грујовски, претседател на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани на РМ (УПОЗ)
Зоран Мироновски, претседател на Синдикатот на хемија, неметали и метали на РМ (СХНМ)
Тихомир Климоски, претседател на Македонскиот полициски синдикат (МПС)
Јордан Сандев, претседател на Синдикатот на поштенските и телекомуникациските работници на Македонија (СПТРМ)
Милован Арсовски, секретарот на Синдикатот на графичката, информативната, филмска, издавачка дејност и производство на хартија на РМ (ГИФИХ)
Гоце Селовски, претседател на Синдикатот на финансиските дејности на Македонија (СФДМ)
Мирјана Хаџи Скерлева, претседател на Синдикатот на работниците од трговијата на РМ (СРТ)
Сузана Стефановиќ, претседател на Мултиетничкиот синдикат за образование на РМ (МЕСО)
Ристо Ајтов, претседател на Синдикатот на одбраната и безбедноста (СОБ)
Претседателството го сочинуваат претседателот на ССМ, секретарот на Советот на ССМ и претседателите на синдикатите.
Задачи и надлежности на Претседателството се:
- ги презема сите потребни активности за реализација на Програмата и Статутот на ССМ;
- донесува ставови и одлуки за кое е надлежно и подготвува предлог-одлуки и други документи за кои е надлежен Советот;
- ја координира активноста на ССМ и синдикатите на сите нивоа кога се работи за заеднички задачи;
- Претседателство го информира Советот за својата работа;
- до Советот дава предлози за кандидат за претседател на ССМ, секретар на Советот и потпретседатели;
- предлага дневен ред на Советот;
- до Советот предлага измени и дополнувања на Статутот на ССМ;
- ја организира правната заштита на ниво на ССМ;
- редовно ги следи економските, социјалните и други прашања за положбата на членството и сите работници и презема конкретни активности;
- ги разгледува иницијативите на синдикатите и по своја проценка ги внесува во процедура;
- го утврдува текстот и дава согласност за потпишување на општите колективни договори;
- донесува одлука за внатрешно организирање на ССМ;
- обезбедува и реализира соработка на ССМ со домашни и други меѓународни синдикални организации и асоцијации и невладиниот сектор за остварување на заеднички цели и задачи;
- организира оспособување и образование на синдикални претставници;
- врши именување, дава согласност за именување и избор и врши разрешување;
- врши именување и разрешување на управителите на трговски друштва, задруги, штедилници, банки, и др.;
- го организира финансиското работење во ССМ, се грижи за синдикалниот имот;
- ја организира работата на Стручната служба во ССМ;
- ја организира информативната дејност на ССМ;
- му поднесува предлози на Собранието на РМ и на други државни органи, како и на организациите на работодавачите во РМ како социјални партнери за закони и други акти кои се однесуваат на материјално-социјалната положба на работниците;
- донесува правилници и акти;
- формира комисии и тела по одредени прашања;
- врши и други работи што ќе му ги довери Советот на ССМ.