“PSI“ ДВА ДЕНА ВО СКОПЈЕ

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail
There are no translations available.

13.01.2009

Меѓународниот синдикат на јавниот сектор на 12 и 13 јануари одржува избирачки и работен состанок во Скопје. Се разговара за проблемите на синдикатите во централна Европа и за општиот политички амбиент...

 

Координативното тело на Publice Service International (Интернационалната организација на синдикатите од јавниот сектор), на 12 и 13 јануари во Скопје одржува централноевропски избирачки состанок. Учествуваат синдикални претставници од повеќе земји од централна и југоисточна Европа, кои разговараат на повеќе теми од современиот синдикален живот.

Темите воглавно се однесуваат на современите политички процеси и нивниот одраз врз синдикатите од јавниот сектор. Посебни се излагањата на претставниците на младинскиот и на женскиот форум.

Вториот ден се одржува заеднички состанок на PSI и EPSU (европскиот дел од PSI). Се разговара за општите политички развивања во Европската Унија, генералните и хоризонталните секторски политики на EPSU, интеграцијата на членките од југоисточна Европа и други прашања. Посебен простор е оставен за внатрешните организациони прашања, мрежата за колективно договарање, едукациски партнерства и глобалната политика и стратешките цели на PSI за 2008 – 2012 година. Исто така ќе се извршат номинации за телата на PSI и EPSU.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc