ШУМАРСТВОТО ГО РЕШИ ПРОБЛЕМОТ СО БРУТО ПЛАТАТА

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail
There are no translations available.

11.02.2009

Денес Синдикатот за шумарство, дрвна индустрија и енергетика и ЈП “Македонски шуми“ потпишаа анекс на Колективниот договор за бруто платата. Ни еден од 2.500 вработени во јавното претпријатие нема да зема пониска плата…

 

Вработените во Јавното претпријатие “Македонски шуми“ се меѓу првите во државата за кои проблемот со бруто платата е решен. Ни еден од 2.500 вработени нема да прима пониска плата од декемвриската, туку воглавно ќе има зголемувања.

Ова денес го изјави Живко Митревски, претседател на Синдикатот на работниците од шумарството, дрвната индустрија и енергетика на Република Македонија, по повод потпишувањето анекс за бруто – платите на Колективниот договор за работниците од ЈП “Македонски шуми“. Анексот го потпишаа Живко Митревски, Владимир Бахчовановски, генерален директор на ЈП “Македонски шуми“ и Горан Анастасовски, претседател на Управниот одбор на “ЈП “Македонски шуми“.

Владимир Бахчовановски истакна дека воведувањето на бруто платата ќе придонесе за зголемена финансиска дисциплина во стопанството. Постои обострано задоволство од новиот начин на пресметка, како од страна на раководството, така и од страна на вработените. Навреме поднесовме пријава до Управата за јавни приходи и со платата нема да има никакви проблеми, рече Бахчовановски.

Веруваме дека регулирањето на бруто – платата во “Македонски шуми“ ќе внесе свеж импулс во државата околу вкупните проблеми со новиот систем на пресметување, додаде Митревски. Инаку во бруто платите на јавното претпријатие се внесени и двете покачувања од по 10 отсто пред 2008 година, додаде Митревски.

Хранарината во анексот е утврдена на 3.800 денари, додека патарината на 1.700, со варијабилно пресметување, во зависност од местото на живеење. На прашањето на новинарите за висината на надоместоците Митревски објасни дека основа на јануарската плата е платата земена во декември. Следствено на тоа хранарината и превозот се превземени во овие износи.

Мотив за денешното потпишување на анексот на Колективниот договор се изборите, за чие времетраење не можат да се потпишуваат колективни договори. Инаку важноста на Колективниот договор истекува на 6 февруари, но сметаме дека веднаш после изборите ќе потпишеме нов колективен договор, изјавија двете страни.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc