ШТРАЈКУВАЧИТЕ ОД БИТОЛСКА ШЕЌЕРАНА ПОБАРАА МЕЃУНАРОДНА ИНТЕРВЕНЦИЈА

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

12.06.2009

АГРО Синдикатот ја извести Европската федерација на синдикатите од земјоделството, прехранбената индустрија, угостителството и туризмот (EFFAT) за однесувањето на бугарските сопственици. Во јули се очекува посета на висока делегација на EFFAT...

 

 

Доколку сопствениците на АД “4 Ноември“ – Шеќерана – Битола не одговорат на барањата на штрајкувачкиот одбор во рок од четири недели, ќе се бара интервенција од Европската федерација на синдикатите од земјоделството, прехранбената индустрија, угостителството и туризмот (EFFAT), информира Живко Даневски, претседател на АГРО Синдикатот.

EFFAT е веќе запознаен со случувањата во шеќераната и, ако сопствениците и понатаму одбиваат преговори и не игнорираат, очекуваме на почетокот на јули посета на нaјвисоките личности од EFFAT, каде АГРО Сндикатот е полноправен член од 1994 година. Тоа се генералниот секретар Харолд Виденхофер, генералниот секретар за земјоделие Арн Шпон и Жан Пјер Клапуч, експерт задолжен од федерацијата за социјалниот дијалог во Европа. Имаме полно право да бараме интервенција од меѓународната федерација затоа што сопственикот на шеќераната, “Литекс“ од Софија, е мултнационална компанија, објаснува Даневски.

Дополнителен мотив е фактот што ниедна од државните институции, иако Синдикатот редовно ги запознава со состојбата, не реагираше на неправилностите што се случуваат во “4 Ноември“.

Во меѓувреме агонијата во фабриката за шеќер продолжува. Работниците немаат земено плата три месеци и, иако штрајкуваат три месеци, директорот Георги Стоев не покажува намера да ги сослуша, како за барањата, така за евентуално потпишување колективен договор. Барањата на работниците   се однесуваат на ниските плати и на скратувањето на надоместоците за превоз и исхрана во бруто платата.

Најтешко од се паѓа однесувањето на бугарскиот сопственик, малтретирањата, понижувањата и секојдневната тортура, изјавија штрајкувачите на 27 мај, кога протестираа пред Владата. Тие сметаат дека државата има полно право да интервенира, затоа што ПИОМ е сопственик на 46 отсто од капиталот на фабриката.

Од пред шест години мнозински сопственик, со 51 отсто од капиталот, е бугарската компанија “Литекс“. Всушност оттогаш почнуваат проблемите на вработените на претпријатието кое со децении беше матица на стопанството во битолскиот регион. Од некогашните 320 работници се стигна до 120, кои работат во невозможни услови, со постојана опасност од казни, како за јадење геврек или за одење во ВЦ.

Работниците ја коментираа одлуката на Основниот суд во Битола, кој пресуди дека штрајкот е нелегитимен. Подоцна Апелациониот суд донесе пресуда за оправданост на штрајкот.

Штетите кои настанаа со превземањето на битолската шеќерана од бугарските сопственици се огромни. Од одгледување шеќерна репа живееја од 15.000 до 20.000 семејства во Пелагонија, во скопскиот, тетовскиот и други региони. Сопствениците ја прекинаа соработката со земјоделците и почнаа увоз на суровини од странство.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc