УТРЕ ПРОТЕСТИ НА ССМ ВО ШЕСТ ГРАДОВИ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

6.11.2008

На 7 ноември Сојузот на синдикатите организира јавни протести во шест градови: Прилеп, Велес, Струмица, Охрид, Штип и Куманово. Во прв ред се бара укинување на измените во Законот за работни односи...

 

Утре, на 7 ноември, ќе се одржат јавни протести во шест градови во внатрешноста: Прилеп, Велес, Струмица, Охрид, Штип и Куманово. Протестите ќе се одржат од осум до десет часот, со исклучок на Куманово, каде протестантите ќе излезат од 12 до 14 часот.

Барањата на ССМ за јавните протести во прв ред се однесуваат на измените во Законот за работни односи. Се бара укинување на измените со кои се скусени многу права на работниците.

Другите барања се: повеќе услови за пензионирање, со закон утврдување на минимална плата, зачувување на животниот стандард на работниците и донесување закон за материјално обезбедување на стечајните работници и работниците прогласени за технолошки вишок со над 25 години стаж.

Главниот протест ќе се одржи во Скопје, на плоштадот “Македонија, на 14 ноември, од 19 до 21 часот.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc