УТРЕ ПОВТОРНО ПРОТЕСТИ ПРЕД ВЛАДАТА

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail
There are no translations available.

3.03.2009

Стечајните и технолошки вишок работници упатуваат апел до членовите и до сите граѓани утре, на 3 март, во 12, часот, да излезат на протест пред Владата на Република Македонија...

 

Утре стечајните работници повторно ќе протестираат пред Владата на Република Македонија. Тие упатуваат апел до сите стечајци и работници технолошки вишок, како и до граѓаните кои сметаат дека на овие луѓе треба да им се помогне, да дојдат на платото пред Владата во 12 часот.

Целта на протестот е Владата да се натера да го реши статусот на над 37.000 лица. Ова е трет протест и бидејќи досега разговорите со премиерот, вицепремиерот и други лица од владиниот кабинет не дадоа резултати, ние продолжуваме со масовните протести, велат од Здруженијата на граѓани за стечајни и технолошки вишок работници од Охрид и УНИТ од Куманово.

Доколку Владата и понатаму не покажува интерес следни чекори се демонстрации пред Собранието и собирање 150.000 потписи, после што по закон ќе мора да се распише референдум.

Барањата се Владата да прифати социјален дијалог, да предложи начин и да прифати да го реши статусот за стечајните работници, согласно Уставот и директивите на Европската Унија, наведуваат стечајните работници.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc