ТРКАЛЕЗНА МАСА ЗА СИНДИКАЛНОТО ОРГАНИЗИРАЊЕ НА НОВИНАРИТЕ
26.03.2009
“Дали и каков синдикат им е потребен на новинарите во Македонија“ е тема на тркалезната маса која ќе се одржи на 27 и 28 март во Охрид. Организатори се ССМ, синдикатот ГИФИХ и Фондацијата “Фридрих Еберт“...
“Дали и каков синдикат им е потребен на новинарите во Македонија“ е темата на тркалезната маса, која ќе се одржи во петок и сабота во Охрид. Организатори се Сојузот на синдикатите на Македонија, Синдикатот на графичка, информативна, филмска, издавачка дејност и производство на хартија (ГИФИХ) и Фондацијата “Фридрих Еберт - Канцеларија Скопје“.
Зошто новинарите во Македонија се најмалку синдикално организирани во споредба со сите други категории е состојба која долго време е актуелна за новинарскиот сталеж во Република Македонија. Оттука произлегуваат повеќе прашања, како тоа кои се причините за неорганизираноста на новинарите, дали им е потребна заштита на правата од работниот однос, дали денес некој го штити нивниот труд.
На тркалезната маса ќе учествуваат новинари од пишаните и електронските медиуми од целата земја, додека излагачи ќе бидат синдикални инструктори од Сојузот на синдикатите на Македонија.