ТРЕТА КОНФЕРЕНЦИЈА НА БАНКАРСКИТЕ СИНДИКАТИ НА ЈИЕ

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail
There are no translations available.

17.06.2009

Во Котор, Црна Гора, од 17 до 21 јуни ќе се одржи Третата конференција на синдикатите од финансискиот сектор на југоисточна Европа. Централна тема на конференцијата се колективните договори...

 

 

Од денес до 21 јуни во Котор, Црна Гора, ќе се одржи Третата конференција на синдикатите од финансискиот сектор на југоисточна Европа, на која ќе учествува трочлена делегација на Синдикатот за финансиски дејности на Македонија (СФДМ).

Основна тема на конференцијата се имплементација на колективните договори. Во Котор на почетокот на месец април беше одржан подготвителен состанок на синдикатите, при што беше донесена Нацрт – спогодба за минималните права од работниот однос во финансискиот сектор. Истата спогодба треба да се финализира на тековната конференција. Другите теми се однесуваат на одразот на светската криза врз положбата на вработените во финансискиот сектор.

Конференцијата на синдикатите на банките и финансиските организации на земјите од Југоисточна Европа е основана во 2007 година во Србија, од страна на синдикатите на Србија, Македонија и Црна Гора. Минатата година СФДМ беше домаќин на втората конференција, која се одржа во Охрид. За две години постоење пристапија сродните синдикати од Бугарија, Хрватска и Б и Х – Република Српска, додека се очекува понатамошно проширување на банкарските синдикати од другите земји во регионот.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc