СФДМ НА СЕМИНАР НА СВЕТСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА РАБОТНИЦИТЕ

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail
There are no translations available.

7.05.2009

Делегација на Синдикатот на финансиски дејности отпатува на семинарот на Светската организација на работниците, на кој учествуваат синдикати од средна и источна Европа. Семинарот се одржува од 7 до 10 мај во Арад, Романија...

 

 

Двочлена делегација на Синдикатот на финансиски дејности на Македонија (СФДМ) учествува на семинарот што го организира Светската организација на работниците (World Organization of Workers). Семинарот се одржува од 7 до 10 мај во градот Арад, Романија, со учество на синдикати, членки на WOW, од средна и источна Европа.

Темите на семинарот се колективните договори, нивното спроведување во дело и ефектот врз општествените прилики. Размената на искуства и заедничките цели на синдикатите, се вели во програмата, мораат да ги земат во предвид финансиската и економската криза. Синдикатите, меѓу кои и СФДМ, ќе поднесат извештај за состојбите со колективното договарање во нивните земји.

СФДМ е членка на WOW од 2008 година, со тоа што званичното членство почнува во 2009 година. Светската организација на работниците е федерација на синдикати од пет континенти, и тоа од администрацијата, комерцијалните дејности, металната и електроиндустријата, финансиските институции, графичката дејност, осигурителните компании, медиумите, неформалниот сектор и други дејности. WOW е нов назив на поранешната организација World federation of clerical Workers, која е основана во 1921 година во Луксембург.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc