СТЕЧАЈЦИТЕ СЕ ЗАКАНУВААТ СО АПСТИНЕНЦИЈА НА ИЗБОРИТЕ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

30.03.2009

Мораме да го казниме Груевски затоа што цел месец бега од нас. Доколку до четврток не понуди решение, членовите на семејствата на стечајците нема да гласаат во недела. Истото го бараме од гласачите на Нано Ружин, Љубе Бошковски и Имер Селмани...

 

На трети март до премиерот Никола Груевски доставивме барање за дијалог. За 27 дена тој не најде време честито да не сослуша. Доколку до четврток не најде време за нас и не понуди решение, мораме да го казниме на овие избори. Ги повикуваме семејствата на стечајните работници во недела да не излегуваат на гласање, изјавија на денешната конференција за печат лидерите на двете здруженија, од Куманово и Охрид, на стечајни и работници прогласени за технолошки вишок.

Истовремено од тројцата претседателски кандидати кои потпишаа спогодба со стечајците, а тоа се Нано Ружин, Љубе Бошковски и Имер Селмани, бараме да им порачаат на нивните гласачи да постапат на ист начин, односно да апстинираат од гласање. Љубомир Фрчковски исто така потпиша спогодба, но го изземаме поради учеството во неделниот дуел, информираше Драге Јовановски, преговарач на здруженијата на стечајните работници.

Се смета дека се работи за околу 200.000 гласа, кои можат битно да влијаат врз резултатите на изборите. Во земјата има околу 40.000 стечајни работници, од кои повеќето немаат извор на егзистенција, рече Лилјана Георгиевска од кумановското здружение. Иван Николовски од охридското здружение додаде дека во среда во 12 чассот повторно ќе се одржи протест пред Владата.

Оваа влада не прави СДС - овци, за минатата бевме ВМРО - овци, иако немаме врска со политиката и единствено ги бараме помош од државата. Во Синдикатот сме затоа што немаме каде да се обратиме, воедно сметаме дека Синдикатот е должен да не организира, појаснија стечајните работници.

И покрај упорноста на стечајните работници Владата не најде за потребно да се зафати да го реши нивниот проблем. Тоа се луѓе близу 60 - годишна возраст, кои останале без работа поради стечај и не можат да ги исполнат условите за пензија. Минатата година се донесе закон, со кој тие фактички беа изиграни, затоа што по истиот закон се згрижени само околу петстотини лица.

Барањата на стечајните работници се надомест од сто евра месечно, до пензионирање или ново вработување. Сумата е околу три милиони евра месечно, за што тие сметаат дека не е големо оптоварување за Буџетот.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc