СТЕЧАЈЦИТЕ НЕ ПОПУШААТ

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail
There are no translations available.

27.02.2009

Владата, па дури и премиерот, е потполно свесна за тежината на нашиот проблем, велат стечајните работници и затоа не одбегнува. Во понеделник стечајците ги чекаат пратеничките групи на ДУИ и СДСМ....

 

Немаме намера да престанеме со протестите, туку напротив, ќе ги радикализираме. Нема да се ограничиме на протести секоја среда, туку може да се случи да ноќеваме пред Владата, ги најавија плановите стечајните работници на денешната конференција за печат во Сојузот на синдикатите на Македонија.

По двете средби во Владата, една со премиерот Груевски и друга со вицепремиерот Зоран Ставрески, ни стана потполно јасно дека Владата, па дури и премиерот, е потполно свесна за тежината на проблемот, изјави Драге Јовановски, преговарач на Унијата на стечајни работници. Груевски отворено призна дека не знае како да го реши проблемот, што е мошне чудно за еден премиер.

Јовановски ги информираше медиумите за средбите со претседателските кандидати. Од седуммината кандидати не дојдоа Мируше Хоџа, Ѓорѓе Иванов и Агрон Буџаку. Следниот чекор се средби со пратеничките групи, и тоа во понеделник, на втори март, во 11 часот, со ДУИ, истиот ден во 12 часот со СДСМ. Следниот ден, на трети април, се чекаат пратеничките групи на ВМРО – ДПМНЕ и на ЛДП. Во среда повторно се организираат протести, додека за следните денови ќе се повикуваат другите пратенички групи.

Исто така имаме намера да се сретнеме со претседателот на Собранието Трајко Вељановски, а ако и тој не одбегнува маса работници ќе излезе пред Собранието, беше кажано на конференцијата за печат.

Ние не располагаме со присилни мерки да ги доведеме и на нив останува како ќе се постават, велат стечајците. Не прифаќаме објаснување дека за нас нема пари во буџетот, рече Лилјана Георгиевска, претседател на Унијата на стечајни работници. Ако буџетот изнесува 2,9 милијарди евра, оние три милиони се незначителна сума.

Во прашање се над 40.000 лица со прекин во стажот поради неплатени придонеси. Меѓутоа, ние не сакаме закон за згрижување на “двајца без тројца“, како што беше случајот со ланскиот закон, туку систем за целосно згрижување на овие работници, вклучувајќи ги и идните случаи на лица кои ќе ја изгубат работата.

Основното барање на стечајните работници е надомест од сто евра месечно, до пензионирање или ново вработување.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc