СТАВОВИ НА ССМ ЗА АНТИКРИЗНИТЕ МЕРКИ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

7.05.2009

За ССМ е најбитно да се заштитат луѓето од последиците на рецесијата. Кризата да не се злоупотребува за отпуштање на работниците, да се задржи истото ниво на платите - се некои од  ставовите на ССМ, што се предложени на Владата по повод Третиот пакет антикризни мерки...

 

Претседателството на Сојузот на синдикатите на Македонија усвои ставови за Третиот пакет на антикризни мерки, што неодамна го донесе Владата. Ставовите и мерките на ССМ беа соопштени на денешната конференција за печат, од страна на Лилјана Јанкуловска, раководител на Секторот за економски и социјални прашања на ССМ. Вицепремиерот Зоран Ставрески рече дека пакетот антикризни мерки никогаш не е затворен и оттаму очекуваме Владата во програмите да најде место и за предлозите на ССМ, истакна Јанкуловска. Инаку денес сите предлози ќе бидат доставени до премиерот и до Владата.

СТАВОВИТЕ НА ССМ  ЗА ТРЕТИОТ ПАКЕТ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ СЕ:

1. Сојузот на синдикатите на Македонија ја поддржува Владата за напорите за изнаоѓање на решенија и мерки за излез од рецесијата, во тие рамки и Третиот пакет антикризни мерки.

ССМ смета дека Владата требаше многу порано да излезе со пакет антикризни мерки, бидејќи подолго време негативните од економската криза се чувствуваат врз работењето на претпријатијата. Исто така сметаме дека заради предвидената подоцнежна временска имплементација на најголемиот дел од антикризните мерки, особено оние што се однесуваат на кредитната поддршка на претпријатијата, не ќе можат брзо и ефикасно да влијаат врз намалувањето на негативните последици од светската рецесија. За таа цел треба да се преземат чекори за нивна побрза имплементација.

2. Во пакетот антикризни мерки воопшто ја нема социјалната компонента, за која ССМ посебно инсистира, со оглед на фактотдека заради економската криза се намалуваат работните места и работниците остануваат без работа.

  • Владата да апелира до претпријатијата да не прогласуваат техолошки вишоци на првите знаци на проблемите;
  • кризата да не се злоупотребува за отпуштање на работниците, со цел старите да се заменат со млади;
  • да се обезбеди задржување на нивото на платите, дури и со одредена поддршка од Владата;
  • да се предвиди проширување на временскиот период и зголемување на паричниот надоместок во случај на невработеност.

3. Со цел да се задржат што повеќе работни места Владата да предложи одредени субвенции за зачувување на работните места и на работниците. Во овој контекст посебно внимание Владата треба да обрне внимание на субвенционирањето на скратеното работно време на оние друштва кои истото ќе го воведат, како и други мерки што ќе значат ублажување на негативните ефекти од економската криза.

4. На работниците кои останале без работа како последица на економската криза или кои повеќе месеци немаат земено плата, како и на социјално загрозените семејства, ССМ предлага Владата на РМ да им додели еднократна социјална помош во храна, лекови и средства за хигиена.

5. Да се актуелизира прашањето за воведување повеќе услови за пензионирање (како што тоа сега ќе се случи со полицијата), со цел старите и изнемоштени работници кои сакаат да одат во пензија да им се овоможи да го користат тоа право. За таа цел ССМ предлага да продолжи важењето на работниот стаж како услов за пензионирање уште неколку години.

Ито така треба да започне да се разгледува можноста за посебни услови за пензионирање на одделни категории работници.

6. Што се донесува до првиот дел од мерките, односно на ребалансот на буџетот, го поддржуваме намалувањето на расходите во сите сегменти предложени во мерките и сметаме дека дел од нив требаше да се намалат или да се ограничат многу порано. ССМ смета дека се уште има простор за намалување на расходите.

7. За предложените мерки за поддршка на претпријатијата насочени кон малите и средни претпријатија би било неопходно да се прошири влијанието на мерките и на големите претпријатија, бидејќи тие обезбедуваат работа и за голем дел од малите и средните претпријатија.

8. Во делот на мерките за кредитна поддршка на претпријатијата грејс - периодот од 12 да се зголеми на 18 месеци, како што е предвидено и со ЕИБ. Во рамките на ова треба да се предвиди и репрограмирање на достасаните обврски на претпријатијата, како и обезбедување помали камати на инвестициските кредити.

9. Во третиот сегмент на антикризните мерки (Други мерки за поддршка на претпријатијата) ССМ инсистира што побрзо да се донесат измените и дополнувањата на законот за Македонската банка за поддршка на развојот, предложени од раотодавачите, со што ќе се обезбеди поголема и поефикасна помош на претпријатијата кои имаат тешкотии во работењето предизвикани од економската криза.

10. Покрај бенефициите што се предлагаат за правните лица неопходно е такви мерки да се предвидат и за граѓаните, како што е: дополнителен грејс период за отплата на кредитите и за дозволените пречекорувања на трансакционите сметки, намалување на каматите и слично.

11. За дел од мерките од третиот пакет треба да се предвидат рокови за почеток на нивната реализација.

12. Во целост да се почитува Законот за облигациони односи во делот на ограничување на извршувањето од платата на работникот по основ на побарувањата на доверителите, како и соодветна измена по тој основ во законот за извршување. При спроведувањето на јавната или заверена исправа банките да водат сметка за ограничувањата на наплата по основ на плата, согласно законот.

13. За успешно реализирање на овие мерки, како и за предлагање на други, потребно е одржување средба на Владата на РМ со социјалните партнери. Економската криза ги засега сите три страни и таа бара активен и континуиран дијалог меѓу социјалните партнери, синдикатот, работодавачите и Владата.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc