СРЕДБА НА МЛАДИТЕ ОД АГРОСИНДИКАТИТЕ НА МАКЕДОНИЈА И СРБИЈА
27.04.2009
Од 24 до 26 април во Охрид се одржа средба на секциите на млади на агросиндикатите на Македонија и на Србија. Теми на разговор беа пристапувањето на нови членови и положбата на младите во општеството...
Од 24 до 26 април во Охрид се одржа средба на Секцијата на млади на АГРО Синдикатот на Македонија и Секцијата на млади на Синдикатот за земјоделство, прехранбена индустрија, тутунско стопанство и водостопанство на Србија.
Младите синдиклалци разговараа на две теми, пристапување на нови членови и положбата на младите во општеството.
АГРО Синдикатот на Македонија и Синдикатот од Србија одржуваат плодна и блиска соработка веќе 25 години. Основа за соработката се сличноста на условите во двете држави, па така два пати годишно се одржуваат заеднички проекти. Моментно се разговара за актуелната состојби на дејностите и за одразот на мултиетничките компании врз агрокомплексот.