СИНДИКАТОТ ЗА СООБРАЌАЈ ПРОТИВ ОПШТИОТ КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail
There are no translations available.

31.01.2008

Министерството за труд изостави седум илјади вработени во дејностите сообраќај и врски. Над 5.500 се членови на СРСВМ, синдикатот кој цела 2007 година беше игнориран од Министерството за транспорт и врски...

 

Со потпишувањето на Општиот колективен договор за јавниот сектор Министерството за труд ги изостави вработените во јавните претпријатија од сообраќајот. Со договорот драстично се намалени шест права од работниот однос, додека три досега утврдени права на ниво на гранка се целосно укинати, се вели во денешното соопштение до средствата за јавно информирање.

Од министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски бараме веднаш да започне преговори со Синдикатот за сообраќај и врски за усогласување на Колективниот договор за овие дејности. Трпението од една година што членовите на синдикатот го покажаа е невозможно да се сочува, а најмалку сакаат да го нарушат и да го дестабилизираат работниот процес во претпријатијата, стои во денешното соопштение.

Синдикатот за сообраќај и врски и досега неколку пати реагираше за игнорирањето од страна на Министерството за сообраќај и врски. Претседателот Цветан Мирчевски укажува дека во двете дејности се вработени 7.000 лица, од кои најмалку 5.500 се членови на Синдикатот за сообраќај и врски (СРСВМ). Обидите за преговори од страна на СРСВМ почнаа во јануари 2007 година, исто така понуден е нацрт на колективен договор, но Министерството цела година одбиваше секаков контакт.

Треба да се донесат два колективни договора, за јавниот и за приватниот сектор . Во јавниот спаѓаат “Македонски железници“, “Аеродромски услуги“, “ГСП Скопје“, “Македонија пат“, управите за цивилно и воено воздухопловство и други, додека  во приватниот се претпријатија за шпедиција и сообраќај.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc