СИНДИКАТИТЕ ВО СКАНДИНАВСКИТЕ ЗЕМЈИ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

22.05.2009

Поради светската финансиска криза синдикалното движење повторно станува актуелно и добива на важност. Посебно се интересни скандинавските земји, кои се рекордери според бројноста на членството во синдикатите...

 

 

Светската финансиска криза измени многу сфаќања и убедувања, кои изгледаа дека се вечни и непроменливи. Денес никој не оспорува дека либералната економија не функционира и дека не може да се смета за единствен исправен модел. Дивиот капитализам води кон екстремно богатење на малобројната елита и осиромашување на најголемиот број од населението и затоа се преиспитуваат моделите на земјите кои со децении водат политика на урамнотежен социјален модел и на праведна распределба на националното богатство.

На прво место се четирите скандинавски земји, кои уште во педесеттите постигнаа ефикасен систем на благосостојба на сите граѓани. Станува актуелно и синдикалното движење во овие земји, затоа што успешен општествен и економски модел не е можен без учеството на синдикатите. Норвешка, Шведска, Данска и Финска се исто така земји со најголем процент на синдикално организирани работници меѓу сите индустриски земји. За споредба, во САД, државата која на целиот свет го наметнува либералниот капитализам, синдикално организирани се само 10 отсто од вработените.

Не се ни скандинавските синдикати без недостатоци. Едно од главните одбележја е поделеноста на организациите по класи, односно позицијата на членовите: физички работник, службеник, факултетски образован стручњак. Меѓутоа, особеностите се резултат на културата и менталитетот, додека никој не оспорува дека синдикатите имаат големо влијание врз уредувањето на вкупните односи во државните. Ќе претставиме кус преглед на синдикалното организирање во нордиските земји.

 

ШВЕДСКА: ИМПРЕСИВНА ПРЕГОВАРАЧКА МОЌ

Иако синдикатите во Кралството Шведска се типичен пример на класната поделеност, факт е дека тие располагаат со импресивна сила и капацитети за преговори и расправи.

Во Шведска постои синдикална заедница за физичките работници, за факултетски образованите и за службениците и тоа се: Шведската федерација на синдикатите (LO), Синдикат на службите и комуникациите (SECO) и Шведската заедница на професионалците (TCO).

SECO е национален шведски синдикат кој организира околу 163.000 членови. Постојат девет ограноци: Државна администрација, Енергетика, Одбрана, Пошта, Телефон, Сообраќај, Социјална грижа, Патишта, Пруги и Морнари. Членовите на овие синдикати работат во приватнот и во јавниот сектор. SECO е основан во 1947 година и е прогласен за најстарото светско здружение на стручњаци. Главаната задача на SECO е да ги подобрува условите за работа на своите членови и доста е успешен во преговорите. Оваа синдикална заедница подоцна доби еквиваленти во Данска, норвешка и Финска, кои основаа слични асоцијации во 1950 година.

Синдикатите на сините околувратници (производство и градежништво), денес се два од десетте најголеми синдикати во Шведска. Тоа се Mettal (Синдикат на шведските металци) и Byggnods (Синдикат на шведските градежни работници). Од раните деведесетти години повеќето членови во шведските синдикати се жени. Во шест од десетте највлијателни синдикати мнозинството го сочинуваат жени, а меѓу нив е Синдикатот на комуналните работници, еден од најголемите во оваа земја.

 

ДАНСКА СО ПРЕМНОГУ СИНДИКАТИ

Синдикалната сцена во Данска е покомлицирана поради постоењето на голем број синдикати. Тоа е главниот заклучок на истражувањето што го спроведе Центарот за истражување за односите на вработените (FAOS) и Универзитетот во Копехаген. Моментно во Данска има 169 синдикати, од кои една третина имаат помалку од 1.000 членови.

Истражувањето исто така покажа дека синдикатите трошат премногу енергија на ривалство и борба за интрерна моќ. Многу од претставниците на синдикатите го минуваат времето на состаноци, место да се ангажираат во конкретните акции од кои членовите би имале корист.

Последиците се многубројни - членовите добиваат непрофесионални совети, синдикатите го губат политичкото влијание, членарините се високи поради ангажирањето на голем број советници. Меѓутоа, и покрај недостатоците општа оценка е дека синдикатите во Данска се “способни за живот“.

Повеќето синдикати се здружени во три главни организации: LO, FTF (Граѓански службеници во Данска) и AC (Дански сојуз на стручни здруженија). Главната разлика меѓу овие здрушенија е тоа што синдикатот LO ги здружува индустриските и физичките работници, таканаречените “сини околувратници“, и тоа и во приватните и во јавните установи. FTF, пак ги опфаќа скоро сите висообразовани лица, и тоа најмногу од јавниот сектор. LO во последните 30 години изгуби нешто од својата моќ, но се уште претставува најважна синдикална организација во Данска.

 

ФИНСКА СВЕТСКИ РЕКОРДЕР СПОРЕД ЧЛЕНСТВОТО

Повеќе од 80 отсто од финските работници членуваат во синдикат од својата дејност. Најважната дејност на финските синдикати се преговорите за колективните договори за своите членови.

Во Финска колективните договори ги покриваат сите членови, без оглед каде живеат или работат. Некои од договорите можат да бидат потпишани на локално ниво, но само во случај кога постои потполно разбирање меѓу вработените и работодавачот. Колективните договори ги покриваат платите, годишните одмори и работното време.

Работодавачите во Финска се исто така добро организирани. Тие имаат свој централен синдикат во секој сектор - индустријата, јавните служби, земјоделството, коминалното стопанство.

Со 80 отсто синдикални членови (два милиони) од вкупниот број вработени Финска е на врвот на листата на синдикална организираност во индустриските земји. Има вкупно 76 синдикати организирани во три сојузи. За секој вработен постои синдикат во зависност од видот на дејноста, типот на работното место или статусот на претпријатието.

Организацијата на финските синдикати (SAK) е најголема синдикална организација, со членство од еден милион работници. Во SAK се обединети 24 синдикати од индустријата, приватните сектори, локалните влади, државата и сообраќајот. Околу 46 отсто од членовите се жени, а една четвртина се помлади од 30 години. STTK е синдикат на “белите околувратници“, со 650.000 членови. Таму се здружени 26 синдикати од индустријата, јавниот сектор и здравството, специјалните сектори и комуналните претпријатија. AKAVA е сојуз на синдикатите на академските стручњаци. Овој синдикат опфаќа 32 синдикати со 400.000 лица. Членови на AKAVA се вработените во јавниот и приватниот сектор, како менаџерите, директорите и специјалистите.

 

НОРВЕШКА СО СТАРОМОДЕН И ЕФИКАСЕН МОДЕЛ

Норвешкиот сојуз на синдикатите (LO), кој прослави стогодишнина во 1999 година, денес е највлијателна синдикална организација во земјата. Опфаќа 28 здружени синдикати со 830.000 членови, од кои три четвртини се вработени.

За разлика од соседните земји, каде моќта им припаѓа на членовите на синдикатите, норвешкиот LO за задржа одговорноста и влијанието на централно ниво. Важен предизвик на членовите на LO во иднина ќе претставува зачувување и засилување на позициите и статусот меѓу вработените во јавниот сектор. Се уште има вработени надвор од синдикатите, посебно во приватниот сектор. Во Норвешка исто така дејствуваат и сојузите Федерација на норвешките стручни здруженија (AF) и Федерација на занаетските здруженија (YS).

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc