СЕМИНАРИ ЗА КАМПАЊА И МОДЕРНИЗАЦИЈА НА СИНДИКАТИТЕ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

24.04.2009

Во организација на Фондацијата “Фридрих Еберт“ деновиве во Скопје се одржува семинар за мореднизација на синдикатот, на кој предава Ричард Кроучер од Велика Британија. Германскиот експерт Торстен Лутке предава на работилницата за водење кампањи за синдикалното членство...

 

Во организација на Фондацијата “Фридрих Еберт - Канцеларија Скопје“ деновиве во Скопје се одржуваат две предавања за синдикални теми.

“Водење кампања за мобилизирање на синдикалното членство“ е тема на работилницата која се одржува на 24 и 25 април. Предавач е Торстен Лутке, политички советник во Берлин, Германија, додека учесници се синдикални активисти од Сојузот на синдикатите на Македонија.

Целта на работилницата е поблиско запознавање на синдикалците со методите за водење кампањи околу мобилизацијата на членството. Во посебни целини се обработуваат одредувањето на целта на кампањата, планирањето, пласирањето публикации и материјали, односите со јавноста, обезбедувањето финансии и други прашања.

Од 22 до 24 април се одржува семинарот “Модернизација на синдикатите“, на кој предава професорот Ричард Кроучер од Велика Британија, додека учесници се активисти од АГРО - Синдикатот, Синдикатот за индустрија, енергетика и рударство (СИЕР)  Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање (СГИП). Покрај Фондацијата Фридрих Еберт“во организацијата учествуваат Интернационалниот синдикат за храна, агрокултура, хотелиерство, угостителство, услужни дејности, тутун и други сродни дејности, како и Интернационалната федерација за хемија, енергетика и рударство.

Професорот Кроучер го подели неговото предавање на неколку целини: кои се задачите на Синдикатот, неговите силни и слаби страни, позицијата во минатото, сегашноста и иднината. Се продолжува со прашањата што можат синдикатите да им понудат на работодавачите, на државата, на потенцијалното членство, додека исто така се обработија и други проблеми, како маркетингот на синдикатот, промените и културолошкатата анализа на синдикатот.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc