РЕАКЦИЈА ОКОЛУ ИЗЈАВИТЕ НА КСС

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail
There are no translations available.

28.10.2008

Конфедерацијата на слободни синдикати во јавноста изнесува најобични лаги за ССМ. Владата во КСС најде послушник, со цел да се прикаже божемен социјален дијалог пред странскиот фактор...

 

Ниеден факт што Конфередацијата на слободни синдикати го пласира во јавноста за Сојузот на синдикатите на Македонија не е вистинит – тоа се најобични измислици. КСС се служи со празна реторика и затоа сакаме да појасниме неколку работи, изјави на денешната конференција за печат Драге Јовановски, раководител на Секторот за правна заштита на ССМ.

Прво, во ССМ апсолутно се почитуваат правата за кои се бориме. Претседателот на синдикалната организација во самиот ССМ Милан Мановски изнесе дека вработените во ССМ земаат хранарина во висина од 25 отсто и  реален износ на превозот, утврдени се правата за боледување, за годишен одмор и другите права, објасни Мановски.

Сега прашање е што е со самиот КСС? Токму наставниците во СОНК на Дојчин Цветановски примаат по 2.300 денари хранарина, односно 14 отсто од просекот. Самиот КСС нема колективен договор, всушност таа организација е без вработени лица. КСС нема професионалци, а наводно се бори за правата на вработените во јавниот сектор.

Колку се тие репрезентативни? Тврдам дека КСС не е репрезентативен синдикат, рече Јовановски. Во Законот за работни односи стои дека условот за репрезентативност е 33 отсто членови од претпријатие, дејност или национално ниво. Тие не го исполнуваат овој услов, всушност во Република Македонија се регистрирани 32 синдикални организации. Законот е лабав по ова прашање, но репрезентативноста е нешто сосем друго. Во синдикатите од јавниот сектор во ССМ членуваат над 55.000 вработени и оттаму ССМ е репрезентативен синдикат.

Очигледно дека Владата и КСС се во дослух и во посебни односи. Владата најде послушници и гледа преку нив да создаде привид пред странскиот фактор за некаков божемен социјален дијалог.

Оттаму и оној колективен договор што го потпишаа на почетокот од годинава. Тоа е катастрофално кусење на правата на работниците, објасни Јовановски. КСС сега ги правда и измените во Законот за работни односи, што доволно кажува за односите меѓу Владата и КСС.

Во тој колективен договор стои дека висината на хранарината ќе се утврди на крајот од годината со закон, и тоа е се. Еве го крајот на годината и никаде не слушнавме колку пари се тоа. Постои реална опасност работодавачите да ја искористат празнината и едноставно да престанат да плаќаат надомест за исхрана.

КСС се согласува со сите измени во Законот за работни односи. Во законот стои дека годишниот одмор трае 20 дена, а на 20 работни дена и КСС тоа го правда. Меѓутоа, препораката на Европската унија од 2.002 година изрично упатува дека годишниот одмор треба да трае од четири до седум недели.

Ние ги знаеме капацитетот на КСС и обично не реагираме, но она што го прават е голем срам за македонското синдикално движење, истакна Јовановски.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc