РАБОТНИЦИТЕ ОД БИТОЛСКАТА ШЕЌЕРАНА ПРЕД ВЛАДАТА

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

27.05.2009

После 76 дена штрајк не стивнува отпорот на работниците на Фабриката за шеќер “4 Ноември“ АД Битола кон бугарските газди. Бидејќи ПИОМ е сопственик на 46 отсто од капиталот тие денес од Владата побара интервенција...

 

 

Денес повеќето вработени во Фабриката за шеќер “4 Ноември“ - АД Битола протестираа пред Владата, барајќи интервенција против неправилностите што се случуваат во претпријатието. Претставници на АГРО Синдикатот и на синдикалната организација на фабриката беа примени од министерот за финансии Трајко Славески и од министерот за економија Фатмир Бесими.

Министрите не ислушаа и изјавија дека за цела состојба ќе се информираат преку нивните служби. Државата, односно ПИОМ, е сопственик на 46 отсто од капиталот на фабриката и оттаму сметаме дека Владата е должна да интервенира.Треба повторно да контактираме после неколку дена и да се види што ќе се превземе понатаму. Во меѓувреме штрајкот продолжува, изјави после преговорите Живко Даневски, претседател на АГРО Синдикатот.

Работниците штрајкуваат веќе 76 дена поради односот на бугарските сиопственици. Во прв ред реагираат за одземањето на надоместокот за храна и превоз, со што платите се значително намалени. Друга причина е однесувањето на бугарскиот сопственик Георги Стоев, кој одбива разговор со синдикалната организација. Тој не членува во Организацијата на работодавачи и не сака да потпише колективен договор.

Бугарските сопственици од пред шест години поседуваат 51 отсто од капиталот на шеќераната. Тогашната влада еден долг кон стоковите резерви го претвори во сопственост, додека наскоро, откако беше пројавен интерес од бугарска страна, почна да врши притисок врз вработените нивните акции да ги продадат на бугарската компанија.

Од тогаш почнуваат проблемите на вработените во фабриката. Од некогашните 320 се стигна до 120 вработени, кои работат во невозможни услови. Најтешко од се паѓа тортурата, малтретирањето и секојдневното понижување, сведочат работниците. Потребна е специјална дозвола за да се отиде по мала нужда. Работник со 30 години стаж е казнет со намалување на платата три месеци затоа што јадел геврек - и тоа пред да почне работното време. Поставија доушници низ целата фабрика и навистина атмосферата е неподнослива, вели Петар Костовски, инженер технолог и поранешен директор на фабриката.

Во шеќераната се штрајкуваше и во месец ноември, со барање за зголемување на платите. Со системот бруто плата генералниот директор Георги Стоев одбил да ги внесе патарината и хранарината во основната плата, иако тоа го сторил за некои категории вработени. Газдите ги тужат работниците за непочитување на правилата за штрајк, додека Основниот суд во Битола пресуди дека штрајкот е нелегитимен. Капак на се е молчењето на претставникот на државата Коста Христовски, сведочат работниците.

Огромни се штетите кои настанаа со превземањето на битолската шеќерана од бугарските сопственици. Од одгледување на шеќерна репа живееја меѓу 15.000 до 20.000 семејства во Пелагонија, скопскиот, тетовскиот и други региони. Сопствениците одеднаш ја прекинаа соработката и почнаа со увоз на суровини од странство. Инаку шеќераната претставуваше еден вид матица на битолското стопанство. Најголемите капацитети, како фабриката за алкохол и пиварницата, произлегоа од шеќераната. Па и самата Пелагонија беше мелиорирана и претворена во плодно поле поради садењето на шеќерна репа, објаснува Костовски.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc