РАБОТНИ МЕСТА НА СМЕТКА НА РАБОТНИЧКИТЕ ПРАВА

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail
There are no translations available.

1.06.2009

Невработеноста е зачеток на сите проблеми за економиите во сите земји на Балканот, се вели во анализата за работничките права во постсоцијалистичките земји на Oneworld платформата за Југоисточна Европа...

 

 

Дури и еден површен преглед на одредбите на ОН за социјалните и економските права покажува дека во земјите во Југоисточна Европа овие права се повеќе или помалку запоставени.

Причините за оваа појава тема на анализата на Oneworld платформата за југоисточна Европа, мрежа на граѓанското општество во виртуелниот простор на Интернет. На нивниот портал www.oneworldsee.org, кој излегува на повеќе јазици, меѓу кои и на македонски, често се обработуваат социјални и економски теми. Меѓу другите не привлече насловот “Работни места за сметка на работничките права?“, во кои авторите се обидуваат да ги изнајдат причините за состојбите во социјалните и економските права во постсоцијалистичките земји. Во продолжение пренесуваме делови на анализата.

Во најдобар случај сите напори во овие држави требаше да го имаат за основа социјалниот либерализам кои преовладува во континентална Европа и во социјалните држави на “старата Европска Унија“. Тоа барем беше идејата водилка. Од друга страна, не можеме да не забележиме дека далеку почест приод кон овој проблем беше повикувањето на политиката на слободен пазар (laissez – faire), кои се претпочитани во англоамериканскиот дел од светот и кои ја ограничуваат улогата на државата и стојат цврсто на ставот дека пазарните законитости ќе обезбедат правична редистрибуција на богатството на сите слоеви во општеството.

Освен тоа, ги имаме растечките трендови на глобализација, кои ја задоволуваат потребата на капиталот да го префрла производството во оние делови на светот каде работната рака е најефтина; како и фактот дека секакво споменување на што било што звучи како најблага социјалистичка (или социјалдемократска) идеја во земјите кои не толку одамна преминаа од реален или самоуправен социјализам кон пазарен капитализам, носи ризик таквиот човек или жена да бидат прогласени за криптоболшевици или комуњари, веројатно два најбезобразни зборови во современиот свет.

Правото на работа, според дефиницијата на член 23 од Универзалната декларација за човековите права на ОН, денес е предмет на расправа фокусирана на прашањето дали тоа треба да се сфати буквално, како право на сите луѓе на вработување на платено работно место, или во смисла на превенција на ситуација во која едно лице е спречено или се соочува со препреки во обидите да го оствари тоа право.

Како илустрација, еден поглед на невработеноста во регионот е доволен да се покаже каква дебата може да отвори ова прашање. Од 17 отсто во Хрватска до преку 40 отсто во некои земји, невработеноста останува зачеток на сите проблеми за економиите во сите земји на Балканот. Владите прават се што можат да привлечат директни странски инвестиции, но се соочуваат со многу потешкотии.

Релативно скапата работна сила, споредена со Југоисточна Азија, ја прават Југоисточна Европа помалку атрактивна за големите мултинационални компании, кои се најпосакуваните инвеститори. Исто така, сите земји од регионот страдаат од товарот на сивата економија, посебно пазарот на трудот, каде што огромен број луѓе работат на црно, без социјални давачки кои треба да им бидат исплатени во минималните плати што ги примаат.

Прохибицијата на дискриминаторските плати, во ситуација на висока стапка на невработеност, изгледа помалку загрижувачка. Начелото е дека луѓето треба да бидат среќни ако воопшто земаат плата и да не размислуваат дали платата е фер и дали соодветно ги задоволува стандардите на живеење.

Тоа не значи дека нема други форми на дискриминација, особено за жените, не само за породилното отсуство и правото на приватност. Насекаде во интервјуата за работа жените се прашуваат за нивниот брачен статус, плановите за бременост и во најекстремни случаи им се нудат договори дека нема да останат бремени во наредните неколку години. Детскиот труд е исто така проблем, особено во сивата економија, каде децата од сите возрасти се користат на улиците за тргување со шверцувани или крадени работи.

Правото на редовна плата е исто проблем. Оваа појава е резултат на многу фактори, од кои невработеноста е на прво место. Поприфатлива е било каква работа за било каква плата отколку да не работиш ништо и да не примаш никаква плата. Понатаму, многу бизнисмени се уште сакаат да профитираат како во времето на деведесеттите години, посебно како за времето на војните во Југославија, кога некои луѓе преку ноќ станаа претерано богати.

Конечно, го имаме проблемот со работничките синдикати и организирањето на работниците. Во повеќето земји кои се затрупани од високата стапка на невработеност работодавачите го имаат луксузот да ги отпуштаат сите работници кои сакаат да се организираат во синдикат.

Синдикатите се уште ја бараат нивната улога и место во современите општества, во поглед на заштита на работничките права и колективните пазарења. Најголемите и најсилните работнички синдикати остануваат во јавниот сектор и во оние неколку големи компании кои успеаја да ја преживеат приватизацијата и стечајните напади во првите години од транзицијата. Вообичаено работничките синдикати или организациите на пензионерите успеваат да ја откријат нивната политичка сила  да ги повикаат политичките партии за нивните ветувања за време на изборите, или додека седат во парламентот, како што беше случајот со Хрватската партија на пензионери, кои добија три пратенички места.

Поголемиот дел од времето работничките синдикати играат втора виолина на владата, дали поради разединетоста на нивните делови, или од страв дека било кој обид за заштита на работа или локалната продуктивност може да ја изложи на опасност можноста на земјата за привлекување на инвеститори или на амбициите за влез во Европската Унија.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc