ПРОМОВИРАН ДВЕГОДИШНИОТ ПРОЕКТ ЗА ВРАБОТЕНОСТА НА МЛАДИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

19.03.2009

Денес е промовиран проектот “Отворен дијалог за општествена вклученост на младите преку вработување и правата на вработените млади во Република Македонија“. Проектот заеднички ќе го водат Балканската фондација за деца и млади, Сојузот на синдикатите на Македонија и Економскиот факултет при Универзитетот во Љубљана...

 

Денес во просториите на “Скопски саем“ е промовиран проектот “Отворен дијалог за општествена вклученост на младите преку вработување и правата на вработените млади во Република Македонија“. Проектот ќе трае две години, поточно до јануари 2011 година и заеднички ќе го водат Баканската фондација за деца и млади, Сојузот на синдикатите на Македонија и Економскиот факултет при Универзитетот во Љубљана. Сите активности се финансирани од Директоријатот на Европската Комисија за вработување.

Пред нас имаме една благородна цел, а тоа се можностите за вработување на младите генерации. Доказ за благородноста на мисијата е покровителството на Марти Ахтисари, човек кој е симбол на многу позитивни промени во светот, изјави високиот претставник на Европската Унија во Македонија Ерван Фуере. Постојат две главни причини за водење на проектот. Крајната цел е пристапувањето кон Европската Унија, односно до европските стандарди. Многу е важно сите заинтересирани страни, како младите, граѓаните, медиумите, претпријатијата, да имаат слободен пристап кон проектот. Секој заинтересиран може да се вклучи, на разни начини, во активностите во наредните две години, дополни Фуере. Втората цел е самото намалување на невработеноста на младите во Македонија, дополни Фуере.

Јоргос Пападакис, директор на Балканската фондација за деца и млади, ја објасни содржината на проектот. Ќе се одржат шест семинари, шест панел - дискусии, две завршни дискусии за стореното во претходната година и две студиски посети. Ќе се издадат две публикации, еден збир на искуства и една истражувачка книга.

Многу сме задоволни што наши партнери ќе бидат Сојузот на синдикатите на Македонија и Универзитетот во Љубљана. ССМ го сметаме за исклучително компетентна и искусна организација, додека Економскиот факултет од Љубљана е значаен поради тоа што Словенија помина низ сличен период низ кој сега минува Македонија и може да пренесе драгоцени искуства.

Проектот што ќе се одвива во Македонија е прв директно поддржан и финансиран од Европската Комисија, истана Пападакис. Во план е проширување на слични проекти во регионот, најпрво во Косово и во Србија, потоа во Босна и Херцеговина и во Хрватска. Од досегашните активности можеме да истакнеме дека во Република Македонија и во Косово досега поделивме 15 грантови, вклучивме млади во еко - фарми, во програми за обработка на дрво, за заварување, при што се вработени над 200 млади лчица во Косово и во Мкаедонија. Исто така настојуваме во проектите да вклучиме околу 450 компании од Балканот, да вклучиме 450 млади како стажанти, да изведеме обука на 1.000 млади лица, да промовираме над 50 самовработувања, објасни Пападакис.

Претседателот на ССМ Ванчо Муратовски во куси црти ја објасни структурата и улогата на ССМ во државата и на учеството нд Сојузот на синдикатите во проектот. Неговото обраќање го пренесуваме во целост:

“ССМ на овие простори дејствува точно 100 години. Почетоците на синдикалното движење во Мкаедонија датираат од поодамна, но во 1908 година синдикатите легитимно дејствувале за првпат, признати од тогашната османлиска младотурска власт. Од 1908 година ССМ измина долгогодишен, исклучително тежок историски пат во борбата за работничките права, за денес да биде намасовната работничка организација - репрезентативен Синдикат и признат партнер во социјалното преговарање и колективното договарање во нашата држава.

Сојузот на синдикатите на Македонија е демократска организација. Членувањето е доброволно. Во ССМ е застапен индустрискиот тип на организиранот, со 17 грански синдикати, кои се автомонми и независни во своето дејствување. ССМ има широко развиена мрежа низ целата територија во државата, или во 31 поголем град. Сојузот, како и секој синдикат здружен во него, има свои органи и тела избрани на конгрес, собранија и слично, со мандат од пет години. Својата основна функција, заштита на економско - социјалните права и интереси на членовите на синдикатиет, ја остварува согласно Уставот на Република Македонија, Законот за работни односи, како и Статутот на ССМ и на синдикатите.

ССМ се бори за подобар животен стандард, за поголемо вклучување на граѓаните во работниот процес и за зголемување на вработувањето, за намалување на сиромаштијата, за поголем економски раст и развој, за подобрување на квалитетот на условите на работење и живеење, за почитување на правата на работниците утврдени со закон и колективен договор, за работа и плата достојна за секој човек, за остварување на социјалните права, односно здравствено, пензиско и инвалидско осигурување, и секако почитување на ССМ како признат социјален партнер во државата.

Во однос на проектот што денес се промовира треба да се нагласи дека неговата исклучителност е во тоа што се однесува на младите, како една категорија на луѓе значајна за секое општество, а уште повеќе за нашево, на кое судбоносно му е потребна економска стабилизација и натамошен развој.

Ќе се согласите со мене дека секој млад човек го краси знаењето, еланот, желбата и посветеноста, но тоа не е доволно ако тој млад човек соодветно не се третира во општеството. Младите во нашавата држава се во незавидна положба, особено во поглед на работната ангажираност. Показателите говорат дека имаме состојба на висока невработеност, или над 50 отсто од младата популација е без работа и тој процент е во постојан пораст. Времето на чекање вработување во просек е многу долго, од четири и повеќе години. Покрај тоа, младите кои се веќе вклучени во пазарот на трудот обично се изложени на полоши услови за работа и тие претежно работат со договор на одредено време, а надоместокот на труд е значително помал износ во однос на вработените со поголемо работно искуство. Има голем број млади кои не се вклучени ниту во вработеноста, ниту во образовниот процес, ниту во обуките ид разен вид.

Накусо може да се нагласи дека потенцијалот на младите не се користи и дека тие се една од најранливите групи на пазарот на трудот и најмногу се изложени на ризикот од сиромаштија.

Заради сложеноста на проблемот во нашата држава е потребно континуирано да се преземат правно - политички и социо - економски мерки во рамките на препораките од процесот на пристапување кон Европската Унија. Согласно овие препораки од Унијата во нашата држава треба да се утврдат стратегии за инвестирање на младите, за да се искористи нивиот потенцијал, да се поттикнува и унапредува вработувањето на младите. Република Македонија како земја кандидат за членство во големото европско семејство преку програмски и институционални приспособувања треба да ја користи предпристапната помош која би се алоцирала во спроведување на мерките за вработување на младите.

Сојузот на синдикатите на Македонија е вклучен во сите проекти што на планот на подобрување на состојбите во сферата на невработеноста се спроведуваат во нашата држава, како и од страна на Владата, така и од страна на странски организации и институции и од невладини организации. Значителни активности остваривме во подготвувањето на досегашната национална стратегија и Акциониот план за вработување до 2012 година.

Со Оперативниот план за активни политики и мерки за 2007 и 2008 година и програмата за самовработување со кредитирање дадовме поддршка за прво вработување на млади лица до 27 годишна возраст, како и субвенционирањето на вработување на деца без родители.

Нашите очекувања од актуелните политики, во што секако ќе придонесеме и ние со реализацијата на Проектот што денес го промовираме се:

  • намалување на времето на чекање за првото вработување на младите лица, односно давање поддршка за прво вработување на млади луѓе преку давање совети во врска со вработувањето, обуки за подобрување на знаењата според потребите на пазарот на трудот,
  • спроведување програми за обука и стимулативни мерки за младите лица кои ќе започнат сопствен бизнис,
  • намалување на бројот на младите лица кои своето прво работно искуство го стекнуваат во неформалната економија, заради недостиг од работни места,
  • програми за поттикнување на вработувањето на младите преку субвенционирање на придонесот за здравствено осигурување за определен временски период,
  • зголемување на конкурентноста и можностите за вработување на младите на пазарот на трудот,
  • исклучителното прашање на поддршката за остварување на правото на домување за младите, и тоа на сите млади, за што заедни треба да влијаеме да се изменат неповолните состојби во станбената област.

ССМ од проектот очекува младите да се охрабруваат за зачленување во Синдикатот, со што настојуваме да се зголеми бројот на младите синдикалци во нашите редови, со цел младите да го почувствуваат бенефитот од членување во синдикатите здружени во ССМ“, го заклучи своето излагање Муратовски.

Претставникот на Унизверзитетот во Љубљана истакна дека светот денес е во фаза на редефинирање на глобалните односи и дека главна цел е зачувување на мирот. Инаку Словенија помина низ тежок период на почетокот на деведесеттите години и тамошните искуства ќе бидат драгоцени за изведување на целиот проект.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc