ПРАЗНИЧНА ПОРАКА ОД ПРЕТСЕДАТЕЛОТ МУРАТОВСКИ

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail
There are no translations available.

01.05.2008

Денес, сите заедно, работниците од Македонија и од целиот свет, ја продолжуваат вековната традиција на овој ден за да ги искажеме нашите заложби за остварување и зголемување на правата на рабтниците....

 

Први мај, Меѓународниот ден на трудот, повеќе од еден век претставува поттик за макотрпната борба на работниците и синдикатите за остварување на основните човекови права – да живееме достоинствено од својот труд. На денешен ден се навршуваат 122 години од големите првомајски крвацви демонстрации во Чикаго, кои се водеа за осумчасовен работен ден. Оттогаш низ целиот свет започнува да се слави Први мај како меѓународен ден на трудот.

Македонските работници Први мај започнале слободно да го прославуваат од 1908 година. Тогаш на теиторијата на денешна Република Македонија за првпат се формирани и легализирани првите работнички организации – синдикати. Стекната е слобода на здружувањето во синдикати и слобода за штрајк.

По повод овој значаен работнички јубилеј, 100 години синдикално движење во македонија, и со цел негово достојно одбележување, ССМ започна со реализација Програма во која се предвидени повеќе активности кои ќе се одржат во текот на целата 2008 година. Навистина треба да сме горди како работници, како Сојуз на синдикати на Македонија и како генерација на која и припадна честа да го одбечежи овој значаен настан.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc