ПОДДРШКА ОД ГИФИХ ДО НОВИНАРИТЕ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

5.05.2009

Синдикатот на графичката, информативната, филмска, издавачка дејност и производство на хартија упати писмо до ЗНМ во кое целосно ги поддржува барањата на новинарите на вчерашниот протест...

 

“Сметаме дека новинарите треба да се изборат за своето достоинство, за повисоки плати, за нерешените статусни прашања, за работното време, за годишните одмори и слично, не само од професионална, туку и од синдикална гледна точка. Тоа значи дека преку ЗНМ ќе се решаваат професионалните права, а со Синдикатот на ГИФИХ економско - социјалните права на новинарите.“

Ова е содржината на писмото што Синдикатот на графичката, информативната, филмска, издавачка дејност и производство на хартија (ГИФИХ) го испрати до Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), по повод вчерашниот протест на плоштадот “Македонија“ во Скопје.

Милка Манева, секретар на ГИФИХ, објаснува дека состојбата со вработените во седмата сила е далеку од добра. Без оддек остануваат напорите за синдикално организирање на новинарите, како и на другите вработени во весниците, телевизиите, радијата и другите медиуми. Синдикални организации има само во неколку медиуми, додека кај другите сопствениците не дозволуваат ни да се разговара на таа тема.

Доволен доказ за потценувачкиот однос кон новинарите е нивниот релативно мал број на протестот. И Роберт Поповски, претседател на ЗНМ, вчера изјави дека имало притисоци да не се излезе на протестот. Исто така забележливо беше дека ниту еден вработен во таканаречените провладини медиуми не им се придружи на неговите колеги на скопскиот плоштад.

Сепак може да се заклучи дека некои состојби со седмата сила во Македонија почнуваат да се менуваат, смета Манева. Можеби е рано за порешителни и потемелни чекори, но и протестот е еден знак дека оние кои живеат од оваа професија полека се будат од молчењето, автоцензурата, стравот од сопствениците, односно од сите негативни состојби кои се доминантни во македонското новинарство во минатите две децении.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc