ПОДДРШКА НА МЛЕКОПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ И ПРОФЕСИОНАЛНИТЕ ВОЈНИЦИ

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail
There are no translations available.

3.02.2009

ССМ смета дека Владата треба да завземе активна политика кон млекопроизводителите и професионалните војници. На првите треба да им исплати побарувањата, на вторите да им најде нови работни места...

 

Барањата на млекопроизводителите и на професионалните војници се основани, оправдани и засновани на законските прописи. Сојузот на синдикатите на Македонија смета дека Владата треба активно да се завземе за решавање на проблемите на овие две категории граѓани, го соопшти ставот на ССМ Драге Јовановски, раководител на Правниот сектор во ССМ, на денешната конференција за печат.

ССМ им стои на располагање на овие луѓе и им нуди соработка за единствена и организирана акција, соопшти Јовановски. Протестите и блокадите не беа добро организирани и не ја поттикнаа Владата да превземе конкретни чекори. Покрај организираните протести на располагање е и бесплатна правна помош, вклучување на експерти и регионална поддршка од страна на мрежата на ССМ во внатрешноста.

Во македонската јавност едни од централните настани минатите денови беа протестите на млекопроизводителите и на професионалните војници. Проблемот со млекопроизводителите настана како последица на случувањата во “Сведмилк“. Многу луѓе имаат земено кредити за да го зголемат бизнисот со производство на млеко. Нив млекото не им е плаќано со месеци и сега тие не се во состојба да ги враќаат ратите. Сметаме дека Владата, која го охрабрува ситниот бизнис, со четири до пет милиони евра може да ја среди состојбата, изјави Јовановски. Секако паралелно со исплатата на побарувачите треба да се наоѓа нов сопственик.

Имаме информации дека пропаѓањето на “Сведмилк“ е последица на екстремно високите плати на менаџерскиот тим. Се слуша дека годишната плата на еден член се движела околу два милиони евра. Од друга страна немало пари за откуп на млекото, што значи дека парите биле несоодветно распределени.

Што се однесува до професионалните војници, сметаме дека Владата треба да најде механизми да го реши нивниот статус по истекот на војничката служба. Се случи договорите за неопределено време да се преправат во договори на определено и сега тие лица одат право на улица. Во сите западни земји професионалните војници се распоредуваат во државна служба или се наоѓаат други решенија, посебно во обезбедувањето. На пример, сега Собранието на РМ плаќа петпати поголема сума за приватна агенција отколку ако за обезбедувачи ги ангажира професионалните војници.

Решението за професионалните војници е потпишување колективен договор, каде ќе се регулира статусот после завршувањето на активната служба, изјави Јовановски.

Погрешно е Владата да гледа како да го развлече проблемот, како што стори со стечајците. Од 37.000 стечајци со ланскиот закон се згрижени можеби најмногу околу 1.500 лица. Владата нема завземено конструктивен пристап кон млекопроизводителите и професионалните војници и не веруваме дека има намера да понуди некакво решение.

На прашањето на новинарите за евентуална поврзаност со политичките партии Драге Јовановски објасни дека ниту власта, ниту опозицијата немаат сериозен пристап кон проблемите на овие луѓе. Синдикатот дејствува од своја страна и затоа излегува со конкретни предлози.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc