ОДБЕЛЕЖАН СВЕТСКИОТ ДЕН ЗА ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

28.04.2009

Денес е Светскиот ден за заштита при работа. Македонското здружение за заштита при работа одржа свечена седница, на која се потпиша меморандум за соработка со Сојузот на синдикатите на Македонија, Организацијата на работодавачи и Конфедерацијата на работодавачи...

 

Светскиот ден за заштита при работа, 28 април, чие годинешно мото е “Основно човеково право“, пригодно се одбележа и во Република Македонија. Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР) во хотелот “Континентал“ одржа свечена седница, на која беше потпишан меморандум за соработка. Меморандумот беше потпишан од претседателот на МЗЗПР Милан Петковски, претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија Ванчо Муратовски, претседателот на Организацијата на работодавачи Димитар Стојановски и претседателот на Конфедерацијата на работодавачи Миле Бошковски.

Ќе направиме се за да се подобри состојбата со безбедноста при работа. За Сојузот на синдикатите на Македонија една од приоритетните должности, иако ги има многу, е заштитата на работниците, истакна Ванчо Муратовски во поздравниот говор. Во времето на транзиција повеќе се гледа на зголемување на вработувањето, додека на безбедноста и заштитата не и се обрнува доволно внимание. Во секој случај ССМ  во рамките на можностите и надлежностите ќе помогне во процесот на подобрување на безбедноста при работа на повисоки нивоа.

Донесувањето на Законот за безбедност и здравје е чекор напред во приближувањето кон европските норми. Меѓутоа, ние не можеме да очекуваме дека преку ноќ ќе ги вградиме сите европски стандарди, туку целта е полека да се приближуваме кон тој правец, рече Димитар Стојановски, претседател на Организацијата на работодавачи.

Заштитата при работа не е статистика, туку превентива, нагласи Милан Петковски, претседател на МЗЗПР. Сите параметри на евиденцијата треба да бидат унифицирани во согласност со европските стандарди. Чекор понатаму е ЕСНР, Европската статистика за несреќи при работа. Оваа методологија е е само евиденција, туку и превентива која многу влијае врз безбедноста на работниците. Ние оценивме дека за целосна имплементација на ЕСНР во Македонија ќе бидат потребни најмалку четири години.

На седницата Борче Стојчевски од МЗЗЗПР ги низнесе податоците кои обично ги изненедадуваат сите учесници. На секои седум секунди во светот гине по едно лице на работното место. Што се однесува до Македонија, во 2008 година на работното место животот го изгубиле 62 лица, 116 се потешко повредени и неколку илјади се полесно повредени.

Ова се податоци што МЗЗПР ги има евидентирано со следење на медиумите и затоа не можат да се сметаат за официјални. Меѓутоа, факт е дека безбедноста при работа е област на која треба доста да се работи во Македонија. Сега повеќе институции водат своја евиденција и оттаму разликите во извештаите. Со усвојувањето на европските стандарди во сите домени ќе се внесе вистинскиот приод во безбедноста на работните места, рече Стојчевски.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc