НОВО КУСЕЊЕ НА РАБОТНИЧКИТЕ ПРАВА

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail
There are no translations available.

2.12.2008

Законот за работни односи повторно се менува, со 60 измени, или една третина од членовите за трудовите односи. Без оглед на разговорите со ССМ материјалот е ставен на дневен ред во Собранието...

 

Владата и понатаму продолжува со кусењето на работничките права. И покрај вчерашните разговори во Министерството за труд и социјална политика, подготвен е Предлог на закон за измени и дополнување на Законот за работни односи, кој е ставен на дневен ред во Собранието, изјави на денешната конференција за печат Драге Јовановски, раководител на Секторот за правни прашања на ССМ.

Законот повторно се менува без никој да знае. Во Република Македонија и понатаму не се води социјален дијалог. Ние ќе ја известиме канцеларијата на Европската Унија, односно европретставникот Ерван Фуере, дека во Македонија дека овие постапки се во спротивност во европските директиви. Ќе реагираме и до Меѓународната организација на трудот, бидејќи трудовото законодавство во Македонија не ги следи меѓународните стандарди и конвенциите ратификувани од страна на државата, најави Јовановски.

Најпрво реагираме поради тоа што Владата не го консултира Сојузот на синдикатите на Македонија. Истиот случај е и со Економско – социјалниот совет. Во Законот за работни односи јасно стои дека Економско – социјалниот совет дава мислење за сите измени од трудовото законодавство. Не се стимулирани здруженијата на работодавачите, се намалува силината на синдикатите, се ослабува колективното договарање.

Во новите измени, исто како во месец јули, се намалени многу права на вработените. Казнената политика ќе ја стимулира корупцијата, затоа што казните се превисоки – од 8.000 евра на 16.000 евра за правното лице. Годишниот одмор сега изнесува 20 работни денови, место досегашните 20 денови. ССМ и понатаму смета дека годишниот одмор треба да изнесува 26 работни денови.

Друга измена е што работодавачот не мора да го докажува отказот. Тоа значи дека кога сака и кого сака може да избрка работник без да одговара било кому.

Во законот не се споменува испратнината. ССМ бара за стаж до пет години да се додели испратнина од три нето плати, од пет до десет години шест плати, се до 15 плати за стаж од над 30 години. Понатаму не се регулирани ноќната работа, паузата, неделниот одмор.

Посебен проблем е синдикалното организирање. Се бара ново броење на  пристапници, нови регистрации. Синдикалната организација на ниво на претпријатие исто така може да биде посебен синдикат, што значи работодавачите ќе можат да формираат свои синдикати. Исто така удар претрпува колективното договарање, објасни Јовановски.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc