НОВИ 450 РАБОТНИЦИ НА УЛИЦА

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

2.04.2009

Градежните работници на АДГ “Маврово“ денес одржаа предупредувачки штрајк против одлуката за стечајна постапка, со што остануваат без работа. Тие најавија неограничен штрајк од понеделник, на 6 април...

 

Околу 450 градешни работници на АДГ “Маврово“, од Скопје и од повеќе градови во внатрешноста, денес одржаа предупредувачки штрајк во кругот на претпријатието. Повод е одлуката за отпочнување стечајна постапка на АДГ “Маврово“, со што тие остануваат без работа.

Го задолживме штрајкувачкиот одбор да превземе се што е потребно, и во склад со законските прописи, во понеделник, на 6 април, да организира штрајк што ќе трае се до исполнувањето на нашите барања, изјави Нане Ивановски од Синдикалниот одбор на “АДГ “Маврово“.

Градежниците  се сомневаат во рагуларноста на трансформацијата на ова градежно претпријатие. Од април минатата година мнозински сопственик на “Маврово“ е компанијата “ИНГРА“ од Загреб. Дел од вработените се префрлени во “Маврово инженернг“, кое е профитабилно претпријатие, додека тие кои останаа во АДГ “Маврово“ од пред неколку дена практично останаа на улица.

Голем дел од капиталот од АДГ “Маврово“ се пресели во “Маврово инженеринг“ и сега одеднаш луѓето станаа непотребни, изјави Војче Спасовски, член на Штрајкувачкиот одбор. Тој од присутните медиуми јавно побара интервенција од државните органи и Антикорупциската комиисија да ја преиспита легалноста на досегашните постапки.

Работниците на АДГ “Маврово“ се во тешка состојба повеќе години. Тие сведочат дека од 2005 година немаат земено плати, како и здравствени картони, и не им е уплатуван придонес за пензиско осигурување.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc