НИКОЈ ОД ВЛАДАТА ДЕНЕС НЕ ГИ ПРИМИ СТЕЧАЈЦИТЕ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

18.03.2009

На петттиот по ред протест пред Владата стечајните работници успеаја да контактираат единствено со обезбедувањето. Помалиот број протестанти го објаснуваат со саботирањето на градоначалниците од ВМРО - ДПМНЕ и со притисоци од полицијата...

 

Многу сме разочарани што денес стоиме пред празната зграда на Владата. Обезбедувањето ни кажа дека нема кој да не прими, затоа што биле зафатени со изборите. Ова е петти по ред протест и првпат никој не не удостои барем да разговара со нас, изјави Лилјана Георгиевска, претседател на Унијата на стечајни работници, за денешниот протест пред Владата.

Видливо помалиот број на работници на денешниот протест Георгиевска го објаснува со саботирањето на градоначалниците од ВМРО - ДПМНЕ. Стечајците инаку бараат од секој град да им обезбеди барем еден автобус до Скопје, но овојпат морале превозот да го платат од свој џеб.

Тие сведочат дека се забележани притисоци од полицијата. Наши активисти во Куманово, Охрид и други места беа повикувани на разговор и испрашувани, велат стечајците.

Размислуваме за демонстрација на граѓанска неопослушност во недела, на денот на изборите. Се уште не сме одлучиле, но може да се случи неколку часа да останеме пред Владата, за сите да видат како оваа Влада се грижи за сопствениот народ. Но и после изборите остануваме на одлуката секоја среда да демонстрираме, се додека не се исполнат нашите барања, објасни Георгиевска.

Основните барања на стечајните работници и работниците прогласени за технолошки вишок, чиј број се проценува на околу 37.000 лица, се месечен надомест од сто евра, до ново вработување или до исполнување на условите за пензија.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc