НАНО РУЖИН: ДА СЕ ФОРМИРА НАЦИОНАЛЕН СОВЕТ ЗА КРИЗАТА

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail
There are no translations available.

16.02.2008

Светската економска криза во Македонија ќе се одрази најсилно во втората половина од оваа година. За сите крупни социјални прашања, каде спаѓаат и стечајците, треба да се основа еден вид национален совет, рече Нано Ружин на денешната средба со стечајците...

 

Потребно е формирање на трипартитно ниво на национално ниво, со цел решавање на најзначајните економски и социјални проблеми. Тука спаѓаат и стечајните работници и работниците прогласени за технолошки вишок. Во тоа тело би влегле експерти од разни области, но најпрво треба да е трипартитно, со учество на Владата, синдикатите и работодавачите, изјави на денешната средба со Унијата на стечајни работници претседателскиот кандидат Нано Ружин.

Вашиот проблем е од социјална, економска и политичка природа и затоа треба да се консултираат сите фактори во државата. Проблемот на стечајците треба да се реши системски, преку правен механизам со кој ќе бидат опфатени сите категории работници. Затоа најпрво треба да се определи точната бројка на луѓе кои ги изгубиле нивните работни места. Направена е неправедна приватизација и од таа причина овие луѓе треба да бидат згрижени од страна на државата.

Светската економска криза се уште не се чувствува силно во Македонија, но првите последици не се беззначајни, иако не се пласираат од страна на Владата. Нашата Влада се однесува како да не е свесна за сериозноста на светската економска криза. Според некои проценки меѓу 20.000 и 30.000 лица се пуштени на принуден одмор, што значи дека не ја изгубиле работата, но самата постапка кажува дека земјава нема да ја избегне економската криза. Во Европа веќе се формирани совети од тој тип, и тоа на национално, европско и на светско ниво. Се бараат анализи, се донесуваат решенија и доста е важно Македонија да направи еден таков чекор.

Идниот претседател на државата може да игра битна улога во решавањето на проблемот на стечајците, истакна Ружин. Токму претседателот може да биде иницијатор на создавање на тоа тело, а може и да оформи посебен мини совет во неговиот кабинет. Претседателот на државата има директни и индиректни нгеренции за социјалните проблеми и тој треба да интервенира. Јас сметам дека преку социјален дијалог може да се најде решение за стечајните работници.

Кандидатот Нано Ружин исто така ја потпиша Спогодбата на Унијата на стечајните работници.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc