НА ГРУЕВСКИ ЌЕ МУ ДИШЕМЕ ВО ВРАТОТ ЦЕЛИОТ МАНДАТ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

12.02.2008

Стечајците и работниците прогласени за технолошки вишок на 18 февруари ќе одржат протест пред Владата. Тие најавуваат собирање 150.000 потписи за одржување референдум, со цел решавање на нивниот статус...

 

На 18 февруари, во 12 часот, стечајците, работниците прогласени за технолошки вишок и други лица кои останале без работа ќе одржат протест пред зградата на Владата, со барање да се реши нивниот статус. Следниот чекор е собирање 150.000 потписи, по што Собранието по закон мора да распише референдум, најавија денес стечајните работници на конференција на печат што се одржа во ССМ.

Уште една активност се разговори со претседателските кандидати. Со Нано Ружин треба да се разговара исто така во понеделник, Агрон Буџаку од ДУИ прифати разговор, се контактира со Љубе Бошковски, Имер Селмани и Ѓорѓе Иванов, беше кажано на конференцијата за печат.

Во оваа држава изгледа никој не се зафаќа да го реши проблемот на овие луѓе. Во локалната самоуправа велат дека не се надлежни, истата реакција се добива од Владата и од претседателот на државата. Според Уставот Република Македонија е социјална држава, што значи дека секој невработен граѓанин треба да добива некаква помош. За парична помош на овие категории работници се потребни три милиони евра месечно, што не е некоја голема сума, рече Драге Јовановски, раководител на Правниот сектор во ССМ.

Ќе му дишеме на врат на Груевски целиот мандат, се изјаснија стечајците. Досега едвај сме се сретнале еднаш, и тоа петнаесет минути, од нога. Не избегнува и праќа некои стројници, изјави Лилјана Георгиевска, претставник на кумановскиот огранок на Унијата на стечајните работници. Таа ги запозна новинарите со една постапка за која се дозна во јавноста. Билјана Јовановска од Агенцијата за вработување на шестмина активисти им понудила работни места за да ги стишат акциите на другите стечајци.

Законот за стечајци што беше донесен минатата година ни оддалеку не го реши проблемот. Парична надомест добиваат околу 1.200, најмногу 1.300 лица, додека бројот на невработените лица се мери со десетици илјади. Само во Куманово има 18.000 стечајци.  Овие луѓе се изиграни од страна на Владата, која се брани дека не е надлежна да го решава проблемот на работници во приватни претпријатија, но сите тие претпријатија најпрво беа во државна, односно општествена сопственост. Произлегува дека Владата е сепак одговорна за ова прашање.

Сојузот на синдикатите на Македонија ги подржува овие категории работници и им дава логистичка поддршка, изјави Драге Јовановски. Владата само декларативно се фали дека прави нешто за луѓето. Пред три години најавуваа активна политика за стечајците, па нови вработувања преку Агенцијата, но факт е дека еден единствен работник не е повикан, ниту му е понудено ново место.

Собирот ред Владата инаку ќе почне околу 11 часот, со тоа што работниците од источниот дел од земјата ќе одат пеш од населбата Автокоманда, а од западниот ќе доаѓаат од правец на Градскиот парк.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc