МОТ ВО ПОСЕТА НА СИНДИКАТИТЕ

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail
There are no translations available.

12.12.2008

Од 16 до 19 декември претставници на Меѓународната организација на трудот ќе одржат неколку средби со ССМ. Планирана е и заедничка средба со претседатели на грански синдикати од ССМ, КСС и УНСМ...

 

Светла Шеќерџиева и Петар Михалџик, претставници на Меѓународната организација на трудот (МОТ), следната недела ќе одржат средби со Сојузот на синдикатите на Македонија. Планирана  е и заедничка средба со претседатели на грански синдикати од Сојузот на синдикатите на Македонија, Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) и Унијата на независни синдикати на Македонија (УНСМ). Посетата е во рамките на “Проектот за техничка соработка: Консолидирање на правната и институционалната основа на социјалниот дијалог во земјите од Западен Балкан и Молдавија“. Според програмата, на 16 декември претставниците на МОТ ќе одржат средба со претседателот на ССМ Ванчо Муратовски. На 18 декември ќе се одржи средба со претседателите на повеќе синдикати здружени во ССМ, и тоа Синдикатот за управа, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ), Синдикатот за хемија и неметали (СХНМ), Синдикатот на градежништво, индустрија и проектирање (СГИП), Синдикатот на работниците од трговијата (СРТ), АГРО Синдикатот, Синдикатот за индустрија, енергетика и рударство (СИЕР) и Синдикатот за сообраќај и врски. Според програмата заедничката средба со претседатели на грански синдикати од ССМ, КСС и УНСМ ќе се одржи на 19 декември.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc