МЛЕКОПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ НЕОРГАНИЗИРАНИ, СТЕЧАЈЦИТЕ ГИ ОХРАБРУВААТ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

20.03.2008

Неорганизираните млекопроизводители досега заработија 50 кривични пријави, додека од нејасни причини го откажаа денешниот заеднички настап. Стечајците ги охрабруваат да не се колебаат. За ССМ млекорпизводителите, војниците и стечајците се работници како сите други...

 

Од нејасни причини во последен момент претставникот на млекопроизводителите од Скопје ни соопшти дека се откажува од денешниот заеднички прес со стечајните работници. Претпоставуваме дека се работи за притисок, страв, некакви ветувања. Меѓутоа, проблемот на 3.500 млекопроизводители нема да се реши на таков начин.

Ова денес во Сојузот на синдикатите на Македонија го изјави Драге Јовановски, раководител на Правниот сектор во ССМ, на конференција за печат на која покрај стечајните работници требаше да присуствуваат и млекопроизводителите. Уште пред два месеца им ја понудивме на располагање инфраструктурата на ССМ, со цел протестите и барањата да бидат организирани. Доказ е што досега млекарите добија 50 кривични пријави, за влегување кај градоначалник и буткање на оградата пред Владата. За споредба, стечајните работници пет пати изведоа протести пред Владата и не добија ниедна пријава, информираше Јовановски.

Во “Сведмилк“ е направен тежок криминал, во прашање е накаква франкештајнска економија. “Треска“ имаше загуба од 12 милиони евра, “Алумина“ од 25 милиони, додека “Сведмилк“ за кусо време стигна до 39 милиони евра. Претпоставуваме дека се замешани други лица, кои сега гледаат целата работа да се забошоти, рече Јовановски.

Млекопроизводителите во најмала рака треба да станат сопственици на “Сведмилк“. Вредноста на фабриката е околу 15 милиони евра и со класичен стечај нема да добијат ништо. Исто така ни со судски тужби, како што ги наведуваат некои.

Стечајците на почетокот имаа побарувања од 70 отсто, но со време барањата се стопија и сега немаат ништо. Млекопроизводителите можат да се обратат до нас, да им пренесеме некои искуства, па и во поглед на организирањето протести, порачаа претставниците на стечајните работници.

Лилјана Георгиевска, претседател на здружението УНИТ од Куманово, рече дека полицијата вршела притисок врз нивни членови. Автобусите од Штип, Пробиштип и Гевгелија се сопирани и враќани. Ние следната среда повторно сме пред Владата и ќе продолжиме со протести се додека нашите барања не се исполнат, најави Георгиевска.

Фрапирани сме од вчерашната изјава на Конфедерацијата на слободни синдикати за улогата на претседателот Бранко Црвенковски. КСС му дава директна поддршка на претседателот, за што ние имаме сосем понаков став. Не може претседателот на државата да се излежува во фотелја, а во исто време работниците да крвават по улиците, истакна Јовановски.

Уште една новост е денешната одлука на Уставниот суд за годишниот одмор. Уставниот суд го укина членот 145 и сега вработените имаат по закон право на паричен надомест за деновите додека го користат годишниот одмор. Сојузот на синдикатите уште од почеток поведе иницијатива за овој член и денес можеме да констатираме дека 350.000 до 400.000 вработени остварија едно нивно право од работен однос.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc