МИРУШЕ ХОЏА НЕ ДОЈДЕ КАЈ СТЕЧАЈЦИТЕ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

24.02.2009

Досега четворица претседателски кандидати одговорија на поканата за разговор од страна на стечајните работници и позитивно се изјаснија за нивниот проблем. Денес кандидатот Мируше Хоџа не се појави на закажаната средба...

 

Претседателскиот кандидат Мируше Хоџа денес не дојде на закажаната средба со претставниците на Унијата на стечајни работници, и покрај дадената согласност дека ќе дојде на разговор. Претпоставуваме дека Хоџа нема одговор на барањата на стечајните работници и тоа е причината што нејзиното столче е празно, изјави на конференција за печат Драге Јовановски од ССМ, инаку овластен преговарач на Унијата на стечајни работници.

Овде се во прашање економско - социјалните права на голем број работници, при што не е важно дали се Македонци, Албанци, Турци или други, објасни Јовановски. Спогодбата што сакаме да ја потпише е тука и ние повторно ја покануваме на средба, заедно со кандидатите Ѓорѓе Иванов и Агрон Буџаку.

Претходните четворица кандидати, Љубе Бошковски, Нано Ружин, Љубомир Фрчковски и Имер Селмани, дојдоа на разговор со стечајните работници. Тие ги одобруваат нивните барања и се изјаснија позитивно за проблемот на стечајците. Инаку основното барање на стечајците е месечен надомест од сто евра, до ново вработување или до пензионирање. Ѓорѓе Иванов и Агрон Буџаку, информираше Јовановски, ескивираат и очигледно одбегнуваат да дојдат на разговор. За нив во салата беше поставена јавна покана за четврток и петок, во 11 и во 12 часот.

Лилјана Георгиевска, претседател на Унијата, ги потсети новинарите дека утре, на 25 февруари, во 12 часот, стечајните работници повторно ќе протестираат пред Владата. Минатата среда стечајците се сретнаа со премиерот Груевски, кој се изјасни дека нема решение за нив. Овојпат очекуваме да понуди решение, а ако нема нека истакне бело знаме, односно нека даде оставка, рече Јовановски.

Протестите ќе продолжат се до исполнувањето на барањата, рече Георгиевска. Таа исто така упати апел до градоначалниците да обезбедат барем по еден автобус за работниците од нивните градови да можат да дојдат на протестот во Скопје.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc