МАВРОВЦИ ИМААТ РАЗБИРАЊЕ ЗА РЕЦЕСИЈАТА, НО НЕ ЗА КРИМИНАЛОТ

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail
There are no translations available.

8.05.2009

Од Владата и државните институции бараме да одговор за побарувањата на АДГ “Маврово“. Со парите од ангажманите во Русија, Грузија, Казахстан можат да се покријат неплатените придонеси и плати, велат претставниците на 500 вработени, кои најавуваат радикални протести...

 

 

Синдикалната организација на АДГ “Маврово“ и Штрајкувачкиот одбор на денешната конференција за печат ги повикаа сите 500 вработени во понеделник, 11 мај, во осум часот, да дојдат во погонот “Механизација“. Целта на собирот е протест против работењето на Управниот одбор, кој не покажува намера да преговара со работниците.

Веќе два месеци Управниот одбор буквално се изживува врз вработените во АДГ “Маврово“. Не се платени придонеси за шест години, додека не се поделени од 10 до 50 плати, зависно кој на кое градилиште работел. Исто така бараме да се сопре со намерата за отворање стечајна постапка. Управниот одбор не може да отвори стечајна постапка без одлука на Собранието на акционери и со тоа прави кривично дело. Ние имаме разбирање за рецесијата, но не за криминалот. Два месеци бараме средба со Управниот одбор и немаме никаков одговор, изјави Садрија Лековиќ, претседател на синдикалната организација на АДГ “Маврово“.

Работниците сметаат дека има пари да им се исплатат заостанатите плати и да се покријат придонесите за пензиско и здравствено осигурување. Тие од државните институции побараа информации колкави се побарувањата од ангажманите во Русија, Грузија, Казахстан и други земји. Истото се оснесува и за побарувањата на “Маврово“ од институциите на Република Македонија. Пред околу две недели тие побараа средба со премиерот и со Владата, за да се види што ќе стане со нив, покрај прашањето за нивните побарувања.

Доколку Управиот одбор продолжи да не игнорира спремни сме на радикализација на штрајкот и на граѓански протести, најавија градежниците на конференцијата за печат.

Јован Цветковски, претседател на синдикалните канцелари на ССМ за “Карпош“ и “Центар“, дополни дека Владата треба под итно да го измени Законот за работни односи околу технолошкиот вишок. Еве што се случува со целосната слобода на работодавачот да прогласува технолошки вишок. Место привлекување на странски инвестиции имаме само појава на ослободување од работници. Покрај “Маврово“ слични појави има во “Цеметарница“, “Пелагонија“, утре веројатно и во други претпријатија. Треба да се воведат критериуми како поранешните и Синдикатот да има увид во постапките, рече Цветковски.

Револтот на градежниците на “Маврово“ изби пред два месеца, поточно на 27 март, кога е поднесена пријава за стечај на АДГ “Маврово“, со што сите работници буквално би завршиле на улица. Од средината на минатата година сопственик на “Маврово“ стана компанијата “ИНГРА“ од Загреб и сите веруваа дека работите ќе се изменат на подобро. Дотогаш двете претпријатија, АДГ “Маврово“ и “Маврово инженеринг“, практично функционираа како клуч и брава, објаснуваат работниците. Дел од вработените се префрлени во “Маврово инженеринг“, кое и сега е профитабилно претпријатие, но работниците се сомневаат дека таму е префрлен и голем дел од капиталот на АДГ “Маврово“.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc