МАВРОВЦИ ЗА ПОНЕДЕЛНИК НАЈАВИЈА РАДИКАЛЕН ШТРАЈК

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

10.04.2009

Ако до понеделник раководството на мнозинскиот сопственик “ИНГРА“ не прифати преговори со синдикалната организација и со штрајкувачкиот одбор ќе превземеме други мерки. Нема да сносиме одговорност за последиците, изјавија вработените во АДГ “Маврово“...

 

Сопственикот на АДГ “Маврово“ и на “Маврово инженеринг“, компанијата “ИНГРА од Загреб, денес доби порака да прифати преговори со Синдикалниот одбор и со Штракувачкиот одбор на ова градежно претпријатие. Доколку не покажат намера да преговараат ќе одиме на радикализација на штрајкот и нема да одговараме за последиците, изјави на денешната конференција за печат Павел Трендафилов, претседател на Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање (СГИП).

Барањата се да се сопре стечајот и да се најде решение за 450 вработени во АДГ “Маврово“, рече Нане Ивановски, претседател на Синдикалниот одбор во претпријатието. Кога “ИНГРА“ минатата година стана сопственик ние верувавме дека работата ќе тргне напред. Меѓутоа, почна да се врши префрлање на капиталот и на вработени од АДГ “Маврово“ во “Маврово инженеринг“. Дотогаш овие две претпријатија беа врзани како клуч и брава и мислевме дека така ќе биде и во иднина, објасни Ивановски. Меѓутоа, на 27 март е поднесена пријава за стечај на АДГ “Маврово“, со што 450 лица се исфрлаат на улица.

Тие се луѓе над 50 - годишна возраст, со намалена работна способност и потполно заслужуваат да бидат исправно третирани во ова општество. Последните пет години АДГ “Маврово“ е со блокирана сметка, дел од луѓето се пуштени на принуден одмор, но се што имаат земено се околу 500 евра за последните пет години, информира Војче Спасовски, претседател на Штрајкувачкиот одбор.

“ИНГРА“ ја замајува македонската јавност со тврдења дека има побарувања од министерства, јавни претпријатија и други државни институции и дека со тие пари може да ги исплати побарувањата на работниците. Ние сме спремни да контактираме со Владата и да се види точно колкави се, односно дали има “Маврово“ има некакви побарувања или не, рече Павел Трендафилов. Инаку ако на работниците им се уплати стажот за минатите години тие можат да одат во Агенцијата за вработување додека не го остварат правото на пензија и со тоа проблемот донекаде би бил решен.

На прашањето на новинарите за какви мерки станува збор синдикалците не дадода прецизен одговор. Тие рекоа дека предупредувачкиот штрајк не даде резултати и дека ги исцрпиле сите други демократски средства за мирно решавање на проблемите.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc