КОНФЕРЕНЦИЈА НА БАНКАРСКИТЕ СИНДИКАТИ НА ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

3.04.2009

Во Котор, Црна Гора, во тек е средба на Конференцијата на синдикатите на банките и финансиските организации на земјите од југоисточна Европа - Црна Гора, Македонија, Србија, Бугарија, Б и Х - Република Српска и Хрватска. Синдикатите подготвуваат заеднички колективен договор што ќе важи на регионално ниво...

 

Од 2 до 5 април во Котор, Црна Гора, се одржува средба на Конференцијата на синдикатите на банките и финансиските организации на земјите од југоисточна Европа. На конференцијата учествуваат финансиските синдикати на Црна Гора, Србија, Бугарија, Хрватска, Босна и Херцеговина - Република Српска. Од Македонија на конференцијата учествува Гоце Селовски, претседател на Синдикатот на финансиски дејности.

Прва тема на состанокот е “Анализа на кризата на банкарскиот систем и рефлексиите на социјалниот дијалог и колективното преговарање“.

Втората тема е понатамошно утврдување на текст за заеднички колективен договор за банкарските и финансиските дејности  од балканските земји. За изработка на регионален колективен договор се зборува од минатата година и се очекува проектот да биде завршен до летните месеци.

Вистинско значење на колективниот договор е во тоа што би бил прв наднационален документ од тој вид, што може да внесе нови импулси во меѓународното синдикално движење. Идејата е во колективниот договор да се утврдат општи стандарди кои ќе важат во сите земји, додека секој национален синдикат може да го надоградува договорот во склад со состојбите на секоја земја.

Конференцијата на синдикатите на банките и финансиските организации на земјите од југоисточна Европа е основана во 2007 година во Србија, од страна на синдикатите на Србија, Македонија и Црна Гора. За две години пристапија синдикатите од Бугарија, Хрватска и Б и Х - Република Српска, додека се очекува понатамошно проширување со банкарските синдикати од другите земји од регионот.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc