КАДЕ СЕ НАОЃА ПРЕХРАНБЕНАТА ИНДУСТРИЈА

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

19.09.2008

Во АГРО Синдикатот промовирана “Анализа на прехранбената индустрија на Македонија“
Претпријатијата се уште се претежно упатени на домашниот пазар, но во последно време состојбата се подобрува, објаснуваат авторите на економскиот труд...

 

Академик Таки Фити, доцент доктор Пеце Недановски, магистер Предраг Трпевски и економистот Катерина Шапкова се автори на трудот "Анализа на прехранбената индустрија на Република Македонија". Анализата денес беше претставена во Синдикатот на работниците од агроиндустрискиот комплекс на Република Македонија (АГРО Синдикат). Покрај АГРО Синдикатот, истакна претседателот Живко Даневски, трудот е реализиран со помош на Фондацијата "Фридрих Еберт" и Интернационалната конфедерација на синдикатите ( IUF).

Состојбата на работниците во прехранбената индустрија во изминатите 17 години не е многу подобрена, рече магистер Пеце Недановски. Нивото на животен стандард е се уште на околу 90 отсто од нивото пред транзицијата, односно во 1989 година. Претпријатријата од оваа индустрија се уште се упатени на домашниот пазар, додека најдобар показател за успешноста е извозот на странските пазари. Посебен случај е кондиторската индустрија "Европа", која 60 отсто од производството го пласира на надворешните пазари.

Тимот научници имаше тешкотии во прибирањето податоци, што само по себе не е добар показател на состојбите. Исто така не се најдобра страна инвестициите од странство. Во вложувањата во македонската прехранбена индустрија предничат Австрија, Унгарија и Грција, додека во последно време отскокнува инвестицијата од 17 милиони евра на "Сведмилк".

Од многуте податоци што ги презентираше Недановски се издвојува структурата на вработените. Само во "Сведмилк" отприлика половината вработени се со висока или виша стручна спрема, додека воопшто во целата прехранбена индустрија преовладува работната сила со средна стручна спрема.

Инаку, во стручната анализа се опфатени неколку целини: макроекономската политика, состојбите во прехранбената индустрија, конкретни емпириски случаи со податоци од различни состојби и работното законодавство.

Претседателот на АГРО Синдикатот Живко даневки информираше за колективните договори во прехранбената индустрија. Мораме да одиме на окрупнување на колективните договори со повеќе дејности, па така во колективниот договор за земјоделство и прехранбена индустрија ја вклопивме и мелничко - пекарската дејност. Се уште сме во фаза на дефинирање на правата и обврските на вработените, нагласи Даневски.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc