ИСПРАТЕН ПОВИК ЗА ПРОТЕСТИТЕ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

30.10.2008

ССМ испрати повик за учество и поддршка до повеќе организации за јавните протести на 7 и 14 ноември. Истовремено ги информира меѓународните синдикални организации и синдикалните централи од соседството и пошироко...

 

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија Ванчо Муратовски испрати повик до повеќе организации, другите синдикати во државата, здруженијата на стечајни работници и работниците прогласени за технолошки вишок, невладини организации, студентски и средношколски организации, невработените граѓани и други организации. Писмо со известување за протестите е испратено до Светската конфедерација на синдикатите, Европската конфедерација на синдикатите, националните синдикални организации и централи од земјите од соседството и пошироко, меѓународни синдикални организации во кои членуваат синдикатите здружени во ССМ, потоа Меѓународната организација на трудот и Комисијата на Европската Унија во Македонија.

 

Писмото го објавуваме во целост:

“Во Република Македонија веќе подолг период се влошува материјално – социјалната положба на вработените – членови на Сојузот на синдикатите на Македонија, расте бројот на невработените, неконтролирано се зголемуваат цените на основните животни артикли и услуги, за што Владата не превзема соодветни мерки. Сето тоа неповолно се одразува не само врз положбата на вработените, туку и на вкупната економска состојба на сите граѓани и воопшто државата.

Покрај тоа, со најновиот Закон за измени на Законот за работни односи се скратија дел од стекнатите права на вработените во Република Македонија. За тоа не се спроведе постапка и не се отвори расправа, не се консултираа социјалните партнери. На овој начин во Република Македонија се кршат основните принципи на демократијата, социјалниот дијалог и социјалното партнерство, и покрај тоа што со Уставот е декларирана како социјална, демократска, правна и социјална држава.

Сојузот на синдикатите на Македонија, како репрезентативен синдикат и признат социјален партнер в Република Македонија бараше и инсистираше многупати да дојде до средба, разговори и преговори со Владата на РМ по наведените и по други прашања од интерес за вработените, но во изминатите години од работењето на актуелната Влада тоа не се оствари. Напротив, се донесоа Измени на Законот за работни односи без да се консултираат социјалните партнери, односно Сојузот на синдикатите на Македонија.

ССМ укажуваше дека:

Во Република Македонија не функционира социјалниот дијалог и социјалното партнерство;

Со последните измени на Законот за работни односи се намалуваат правата од работен однос на вработените;

Барањата на ССМ за пензиско и инвалидско осигурување не се испочитувани. ССМ бара продолжување на работниот стаж како услов за пензионирање, освен старосната граница;

Во Република Македонија не е утврдена минимална плата;

Владата не превзема соодветни мерки за подобрување на животниот стандард на вработените и граѓаните;

Законот за материјално обезбедување на невработените лица заради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост на државата во периодот од 2.000 до 2.004 година не се применува доследно и постои нееднаквост во однос на работниците прогласени за технолошки вишок.

Со оглед на тоа што поради постојните состојби незадоволството на вработени, членови на синдикатите, се зголемува се повеќе и кулминира, Сојузот на синдикатите на Македонија донесе Одлука за организирање јавни протести на ССМ 2008, со следните барања:

Под итна постапка донесување закон со кој ќе се укинат последните измени и дополнувања на Законот за работни односи, со кои се кратат или намалуваат правата на работниците;

Постоење на повеќе основи за пензионирање. Работниот стаж, покрај возраста, да биде услов за пензионирање, и тоа 35 години за жени и 40 години за мажи;

Со закон утврдување на минимална плата;

Зачувување на животниот стандард на работниците со превземање соодветни и ефективни мерки за сузбивање на појавите на неконтролирано зголемување на цените на основните прехранбени артикли и услуги;

Донесување закон со кој материјално ќе се обезбедат сите работници и работниците прогласени за технолошки вишок со над 25 години работен стаж, согласно Законот за работни односи.

Протестите во организацијата на ССМ ќе се одржат

На 7 ноември, во утринските часови, со блокада на излезните патишта од градовите Прилеп, Велес, Струмица, Охрид, Куманово и Штип;

На 14 ноември, со генерален протест во Скопје, на плоштадот “Македонија“, во попладневните часови.

Искрено се надеваме дека ќе земете учество на протестите, како и тоа дека ќе ни дадете поддршка за протестите од ваша страна, со што уште еднаш ќе ја потврдиме солидарноста и заедништвото во борбата за правата на работниците и за подоброто утре на сите граѓани.

Лице за контакт во ССМ во врска со протестите е Инда Савиќ, со адреса Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc