ИМЕР СЕЛМАНИ: СО ДОМАЌИНСКО РАБОТЕЊЕ РЕШЕНИЕ ИМА

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

23.02.2009

Најмалку е потребно да се бара виновникот за вашата состојба, им порача претседателскиот кандидат Имер Селмани на стечајните работници. Македонија не е богата држава, но има доволно пари на овие работници да им обезбеди егзистенција до пензионирање...

 

Најнепродуктивно е да се бара виновникот за вашата состојба. Ако фатиме да истражуваме кој е виновен и кој каква одговорност носи, тоа ќе ни одземе цела година. Вашиот проблем треба едноставно да се реши и целата енергија треба да се насочи во овој правец.

Ова е пораката на претседателскиот кандидат Имер Селмани на денешната средба со Унијата на стечајни работници. Како што е познато, стечајците ги повикуваат претседетлските кандидати на разговор, со цел да се изјаснат за нивниот проблем и да кажат што ќе сторат ако бидат избрани.

Имаме причина повеќе да му веруваме на Селмани, затоа што тој како министер за здравство покажа извонредна конструктивност, истакна Драге Јовановски, раководител на Секторот за правна помош и воедно овласен преговарач на стечајните работници. Како министер тој одлично соработуваше со Синдикатот, потпиша колективен договор и успеа износот за хранарина и патарина да го одреди на 5.400 денари за сите вработени во здравството.

Македонија не е богата држава, но проблемот на стечајците мое да се реши. Има доволно пари секој да добива по стотина евра месечно до пензионирање. И јас имам пријатели и роднини кои се наоѓаат во слична состојба. Меѓу останатото и самиот потекнувам од работничко семејство и добро ми се познати проблемите. Преквалификацијата не е решение за овие луѓе, рече Селмани. Тие се на возраст од 55 години нагоре и се со намалена работна способност.

Овластувањата на претседателот на државата не се директно поврзани со економската политика, но претседателот може многу да направи за стечајните работници. Најпрво да креира позитивен амбиент за решавање на проблемот на стечајците, второ, може засилено да контактира со Владата. И трето, ако бидам избран за претседател мојата врата ќе биде секогаш отворена за сите граѓани, се изјасни Селмани.

Вие не треба да се откажувае од барањата, порача Имер Селмани. Секое забавување од ваша страна, или намалување на интензитетот на притисокот, ќе се толкува како да сте се откажале.

Јас како претседател ќе се залагам за целосно решавање на социјалните прашања. Република Македонија изведе една од најлошите трансформации на општествениот капитал во цела Европа, со што се создаде армија луѓе без основна егзистенција. Да се биде претседател не значи дека те чекаат само добри работи. Непријатно е само да се слушаат проблемите на овие луѓе, камоли да се биде во таква положба. Затоа претседателот мора да биде свесен за овие состојби и да направи се што може да им помогне.

Имер Селмани ја потпиша спогодбата која стечајците им ја доставуваат на претседателските кандидати. Со драго срце ја потпишувам и изјавувам дека социјалните проблеми ќе имаат апсолутен приоритет за раководството, додаде Селмани.

Стечајците ги потсетија новинарите дека во среда, на 25 февруари, во 12 часот, повторно ќе одржат протести пред Владата.

Утре во Сојузот на синдикатите на Македонија Унијата на стечајни работници утврди средба со претседателскиот кандидат Мируше Хоџа. Драге Јовановски информираше дека Агрон Буџаку и Ѓорѓе Иванов ескивираат контактирање со стечајците. И покрај бројните контакти, тие избегнуваат разговор, но затоа ние пред јавноста им закажуваме средби за четврток и во петок, рече Јовановски.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc