ИЛИ ЗГРИЖЕТЕ НЕ, ИЛИ УТЕПАЈТЕ НЕ!

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail
There are no translations available.

25.02.2009

Вицепремиерот Зоран Ставрески добил упатство од премиерот Никола Груевски да им соопшти на стечајните работници дека за нив Владата нема решение. И дека не можат наново да донесат блеферски закон, како што сторија минатата година...

 

“Или згрижете не, или утепајте не!“, “Дошја нож до коску!“, “Ние сме Македонци, Никола е Грк!“ и други транспаренти, напишани на кумановски, охридски, скопски и други дијалекти, денес четири часа на студен северен ветер се нишаа пред Владата на Република Македонија. Маса стечајни работници повторно протестираа, барајќи Владата да оддели по околу шест илјади денари месечно, барем додека не ја дочекаат мизерната пензија. За жал, овојпат премиерот Никола Груевски задачата соопштението дека македонската влада нема ниет да мисли на сопствениот народ му ја довери на вицепремиерот Зоран Ставрески.

Воцепремиерот тоа го стори доста добро - барем според критериумите на кабинетот. Правевме ние математики со Груевски, добро знаеме и колку сте и колку пари ќе не чините, изјави Ставрески пред делегацијата на Унијата на стечајни работници. А не можеме ни да донесеме нов закон, како ланскиот. (Па вистина е, еднаш се лаже!). Настрана што, ако нешто одделиме за вас, ќе прикачиме којзнае колку идни отпуштени работници.

Доскутабилна е економската политика на една Влада која смета на нови отпуштања. Се стекнува впечаток дека стечајните работници, за кои не се знае точниот број, иако се врти бројка од 37.000 лица, за Владата се само маса непријатни луѓе кои прават проблеми. И тоа, колку непатриотски, неколку недели пред изборите. Да се излезе со таков став пред луѓе кои на себе немаат ништо освен износени виндјакни и одлепени чевли навистина е потребна ... да речеме смелост, да не употребиме друг посоодветен збор.

Не можам да сфатам како е можно една Влада да растура пари за кипови на плоштади, за споменици и за реклами за самата себе, а да не оддели трошка за сопствениот народ. Не можеме да се помириме со тоа и ќе продолжиме да протестираме до крај, изјави Лилјана Георгиевска, претседател на Унијата на стечајни работници.

Ако можеа да земат ФЕСАЛ ангажмани за отпуштање работници, можат да земат исти такви за згрижување на овие луѓе, рече Драге Јовановски, раководител на Правниот сектор на Сојузот на синдикатите на Македонија и воедно преговарач на Унијата. Пари во буџетот има, а сметките покажуваат дека за стечајните работници треба да се одделуваат по околу три милиони евра месечно. Инаку ставот на ССМ е дека стечајните работници се работници како и сите други и затоа им дава безрезервна поддршка.

Изненадува тврдоглавоста на Владата за прашањето на стечајците. Ако не од хуманистички мотиви, тогаш барем од чисто политичко прагматични логично е да се очекува помек, попопустлив став. Сите од нив се стари близу 60 години, имаат семејства и претставуваат значаен гласачки фактор. Грубите пресметки покажуваат дека можат да дадат најмалку 200.000 гласови, кои би биле одлучувачки на изборите. Во крајна линија нив не ги интересираат политичките односи, туку една месечна помош од шест илјади денари. Па и оние три милиони евра со време ќе се намалуваат, што значи дека буџетот нема да биде оптоварен повеќе од максималните 0,3 промили. Оттаму однесувањето на Владата е уште понеразбирливо.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc