И СИНДИКАТОТ НА “ФЕРШПЕД“ ЈА ОБВИНУВА ВЛАДАТА

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

 

09.06.2009_fersped

9.06.2009

Со одземањето на дозволата се уништува најекипираната шпедиција на Балканот, со бренд граден 40 години, велат од Синдикалната организација на “Фершпед“...

 



Сите се прашуваат кој го блокира работењето на најголемиот македонски превозник


Зошто толку им се брза и кој стои зад одземањето на лиценцата за царинско посредување? Дали некој во Владата мисли дека 1.000 семејства ќе останат без егзистенција? Како може да се извршува врз база на неправосилни решенија?

Ова се некои од прашањата кои ги изнесоа членовите на Синдикалната организација на “Фершпед“ на денешната конференција за печат, што се одржа во Сојузот на синдикатите на Македонија. Односно, се огласи и синдикатот на најголемиот превозник во Македонија за блокирањето на работата од страна на Царинската управа, што прерасна во скандал кој ја згрозува домашната јавност.

Решението за одземање на дозволата за работењето во царинските постапки го добивме на 2 јуни и веднаш утредента применивме правни чекори. Како сериозна компанија бараме од директорот Ванчо Каргов да го одложи решението за 180 дена, или шест месеци. Каргов нека не се плаши, затоа што таква можност постои во Законот за царина, порачаа од синдикалната организација на “Фершпед“. Не е логично да бидеме оценети како несигурна компанија, кога имаме депонирано 4,5 милиони евра како гаранција.

Нашата компанија е сериозна и најекипирана на Балканот, истакна Витомир Трајковски, претседател на синдикалната организација. Според завршната сметка за 2008 година имаме уплатено 161 милиони денари, од кои 47 милиони во пензискиот фонд, 20,5 за здравство, 3,5 милиони за вработување, 40 милиони данок на добивка, 20,5 милиони за ДДВ. Не им се нанесува штета само на оние илјада семејства на вработените во Фершпед, туку штетите се многу поголеми. Од одвојувањето за пензиско осигурување само од “Фершпед“ живеат околу 4.000 пензионери, изнесе Трајковски.

На конференцијата за печат интересни беа реакциите на медиумите, чие однесување кажува многу нешта за контролата врз медиумскиот простор во Македонија. Иако моментно е во прашање скандал број еден во земјата, од страна на претставниците на медиумите, иако беа бројни, видлив беше стравот за поставување прашања. Објаснување побара претставниците од само два медиуми.

Меѓутоа, и покрај очигледниот страв кај новинарите сепак се спомена таинствената “МКД шпедиција“, која некако оди во “пакет“ со аферата “Фершпед“. Во Македонија постојат околу 300 шпедиции, додека “МКД шпедиција“ постои само една година, а за понатаму одговор треба да барате од царината и од Владата, рекоа синдикалците на “Фершпед“. Во однос на прашањето кој стои позади форсираната “МКД шпедиција“ тие одговорија дека во Централниот регистер можат да се добијат само имињата на управителот, додека податоците за сопствениците на компанијата се недостапни.
Не се плашиме од конкуренција, единствено бараме да ни дозволат да работиме. Ќе ги употребиме сите правни чекори за да се одложи извршувањето на решението за шест месеци, најавија од синдикалната организација.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc