ЗАКОНОТ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ДА ОДИ ВО ДВЕ ФАЗИ

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail
There are no translations available.

5.11.2008

Бруто платата и задолжителното осигурување да се спроведат во две етапи, побара ССМ. Новиот систем на бруто – плати нема да го реши проблемот на неуплаќање на придонесите...

 

Законот за задолжително социјално осигурување ќе се донесе во Собранието, но потребна е внимателност и време. Се работи за многу важни прашања и најдобро е законот, како и системот на бруто – плати, кој ќе стартува на почетокот на 2009 година, да оди во две постапни фази. Ова е мислењето на Лилјана Јанкуловска, раководител на Секторот за економски и социјални прашања на ССМ, кое го изнесе на денешната трибина во ССМ.

Хранарината и патарината треба задолжително да се внесат во бруто – платата и тие за сите вработени треба да бидат еднакви, беше кажано на трибината. Хранарината треба да изнесува 4.900, односно 5.100 денари, а превозот во висина на реалните трошоци, истакна претседателот на ССМ Ванчо Муратовски. Меѓутоа, Владата останува на понизок износ и со тоа го крши законот. Познато е дека Уставниот суд ги укина исплаќањето на надоместоците според Законот за извршување на буџет, но вработените во администрацијата се уште добиваат хранарина и патарина во износ што го одредува Владата. И уште се упатуваа закани со кривично гонење ако некој исплаќа поинаку.

Прашањето е поврзано со најниската плата, додаде Муратовски. Во Европа само две земји немаат законски утврдено минимална плата. Тоа се Германија и Македонија. Во Германија платите се високи и не постои потреба од утврдување најниска плата, додека за Македонија условите се сосем поинакви. Сметаме дека под итно треба да се утврди минимална плата и со тоа да се заштитат маса работници од прениските плати.

Мирко Трифуновски, професор на универзитетот ФОН истакна дека Управата за јавни приходи може да прерасне во трет ревизор на стопанството. Инаку бруто – платата нема што многу да промени. Работниците повторно ќе добиваат исти износи, додека работодавачите немаат обврска да ја зголемат нивната плата. Од ослободените средства, пак, не се знае како ќе се распределат, ниту дали ќе бидат инвестирани во развој.

Лазар Јовевски од Правниот факултет “Јустинијан Први“ додаде дека новиот систем на пресметување на плати и новиот закон нема да го решат проблемот на уплатувањето на придонесите. Дали работодавачите ќе бидат обврзани да ги уплатуваат придонесите? Јас мислам дека одговорот ќе биде “не“, рече Јовевски.

Пратеникот Андреј Петров изнесе факти од средбата со европскиот комесар за проширување Оли Рен. Тој ни кажа дека главниот проблем во Македонија се таканаречените “брзи прсти“, пренесе Петров. Не треба да се носат закони без преговори, дијалог. Најважен стратешки интерес на една земја е дали луѓето живеат добро.

Не смееме да си играме со маса работници. Во текстилната индустрија работат 25 отсто од сите вработени и не е сеедно какви последици ќе имаат законите. Тука се кожарската индустрија и донекаде трговијата, нискоакумулативни гранки со многу ниски плати. Ако газдите бидат оптоварени со нови давачки во тие гранки може да се оди на намалување на вработените, предупреди Стевче Јакимовски.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc