ЗАДУТРЕ ШТРАЈК ВО АДГ “МАВРОВО“

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

31.03.2009

Мнозинскиот сопственик на “АДГ “Маврово“, “ИНГРА“ од Загреб, одлучи претпријатието да оди под стечај, со што 450 лица ќе останат на улица. Задутре тие организираат предупредувачки штрајк...

 

Синдикалниот одбор на АДГ “Маврово“ организира предупредувачки штрајк задутре, на 2. април.  Причина е отворањето на стечајна постапка, со што 450 вработени ќе останат на улица.

Од Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање (СГИП) информираат дека барањата на синдикатот се однесуваат на неисплатени придонеси за ПИОМ од 2003 до 2008 година, неисплатени заостанати плати, нерегулирано здравствено осигурување, нерегулиран статус на вработените, незаконско упатување на принуден одмор и неисплатени плати за тоа време.

Од април минатата година мнозински сопственик на “Маврово“ е “ИНГРА“ од Загреб. На 25 март 2009 година Управниот одбор на АДГ “Маврово“ донесе одлука за покренување стечајна постапка. Во соопштението, потпишано од претседателот на Управниот одбор Маријан Костренчиќ, се вели дека АДГ “Маврово“ неколку години е во финансиска блокада. Од некогашното “Маврово“ прозлезе ДООЕЛ “Мавровоинженеринг“, каде се префрлени неколку стотини вработени од АДГ “Маврово“.

Штрајкот ќе се одржи од 9 до 12 часот, во мензата на “Механизација“.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc