ДУИ НЕЗАИНТЕРЕСИРАНИ, СДСМ Е ЗА ПОРАНЕШНИТЕ РЕШЕНИЈА

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail
There are no translations available.

2.03.2009

Згрижување на сите со над 25 години стаж е ставот на Социјалдемократскиот сојуз, соопшти пратеникот Марјанчо Николов на денешната средба со стечајните работници. Пратеничката група на ДУИ досега воопшто не се огласи...

 

За стечајните работници е најдобро да се вратат поранешните решенија, односно згрижување на сите кои имаат над 25 години стаж. Пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз, заедно со други пратенички групи, ќе предложи нов закон со кој ќе се решат овие социјални состојби, го соопшти ставот на Социјалдемократскиот сојуз пратеникот Марјанчо Николов на денешната средба со стечајните работници, која се одржа во Сојузот на синдикатите на Македонија.

Секој проблем може да се реши доколу се има добра волја и токму тоа недостасува во вашиот случај, изјави Николов. На забелешката дека работниците се лути на сите досегашни влади, и тоа без исклучок, пратеникот на СДСМ потсети дека вистинските проблеми на стечајните работници почнаа во 2.000 година, додека пред тоа луѓето со 25 години стаж беа згрижувани. Во секој случај, имате наша поддршка, ние ве охрабруваме и ветуваме дека ќе бараме решение, информираше Николов.

Денес стечајците ја чекаа и пратеничката група на партијата ДУИ, чии претставници не се појавија на средба. ДУИ и досега се оглуши на сите покани за средба од страна на стечајците, поради што заклучуваме дека тие не се заинтересирани за економските и социјалните проблеми на граѓаните, рече Драге Јовановски, овластен преговарач на Унијата на стечајни работници.

Јовановски му пренесе на Николов дека дека Унијата нема да попушти со притисоците. После средбите со претседателските кандидати Љубомир Фрчкоски, Љубе Бошкоски, Нано Ружин и Имер Селмани за оваа недела се планирани средби со пратеничките групи. За утре, 3 март, се поканети ВМРО - ДПМНЕ и ЛДП, во 11 односно 12 часот. Следни чекори се собирање на 150.000 потписи, а може да се случи и поставување на социјална бомба во Собранието, односно протести пред парламентарниот дом.

Стечајните работници изнесоа дека нема да прифатат никаков закон како минатогодишниот, со кој фактички беа измамени. Од околу 38.000 стечајни работници и работници прогласени за технолошки вишок само еден мал дел, најмногу 1.300 лица, беа опфатени со ланскиот закон. Работниците се категорични во ставот дека решение треба да се најде за сите.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc