ДЕНЕС ПОЧНУВААТ СПОРТСКИТЕ ИГРИ НА УПОЗ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

4.06.2009

Од 4 до 7 јуни во Струга ќе се одржат петнаесеттите спортски игри на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани. На игрите учествуваат околу 500 синдикалци...

 

 

Петнаесеттите спортските игри и средби на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ) ќе се одржат од 4 до 7 јуни во Струга. На игрите ќе учествуваат околу 500 членови на синдикалните организации.

Според правилата на средбите во машка конкуренција учесниците ќе се натпреваруваат во крос, мал фудбал, кошарка, одбојка, пинг – понг, шах и стрелаштво. Во женска конкуренција ќе се игра крос, баскет, одбојка, пинг – понг, шах, стрелаштво и пикадо. Заедничка дисциплина е влечење јаже.

Надвор од натпреварувачката конкуренција ќе се организираат натпревари во тенис, додека пред финалниот натпревар во кошарка ќе биде организиран натпревар во фрлање тројки.

Покрај УПОЗ спортски средби организираат и други синдикати, како Синдикатот за градежништво, проектирање и индустрија (СГИП), Синдикатот за финансиски дејности (СФДМ), Македонскиот полициски синдикат (МПС), Синдикатот за угостителството, туризмот, комунално – станбеното стопанство, занаетчиство и заштитни друштва (СУТКОЗ) и Синдикатот за сообраќај и врски (СРСВМ). Средбите од овој тип се одвиваат во неконвенционална, релаксирана атмосфера и оттаму организаторите ги сметаат како добра форма на запознавање и дружење на синдикалните активисти.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc